Исплива стара фотографија со Тијана на која нема да ја препознаете – погледнете, во вакво издание ја немате видено досега!
Важи за една од најотворените и природни пејачки која не се срами да објави и фотографии без шминка или без филтер.
Познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ е една од ретките која изгледа убаво и без шминка и не се срами да го покаже своето лице, а сега објави интересна фотографија од детството, па ги предизвика фановите.
Односно таа објави стара фотографија на која позира со група други деца и праша дали може да погодат која од децата на фотографоијата е таа.
Секако нејзините верни фанови не ја изневерија, па речиси сите одговорија точно.
Кога ќе ја погледнете фотографијата веднаш ќе сфатите дека Тијана е десно на фотографијата во црн фустан, а не им требаше многу ни на нејзините фанови и веднаш одговорија додека Тијана пак ги покажа и одговорите.
Тијана во последно време често е активна на социјалните мрежи, а пред неколку дена таа јавно ја поддржа својата колешка Кристина Ковач И објави фотографија без трошка шминка.
Освен тоа Тијана изминатиов период напорно работеше на враќање на своето тело,а неодамна гордо се пофали со резултатите.
Таа го покажа своето затегнато тело, но и новата фризура и предизвика бројни пофалби на сметка на својот изглед.
Тијана најпрво се пофали со новата фризура – долга руса коса врзана во опавче, но и стомачните мускули и тесната половина.
Тијана беше на диета со која успеа да симне вишокот килограми, па сега фановите и порачаа дека отишла во минус толку што ослабела.
Дапчевиќ е позната по андрогенот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа вакви изданија за неа се нови и изненадувачки.
Објавата за кратко време собра многу лајкови и еден куп комплименти.
Тијана одлично се снаоѓа во музиката, но со улогата на Ула во познатата македонска серија „Преспав“ докажа дека глумата и е силна страна.
Таа е во брак со Милан Дапчевиќ го имаат синот Вук кој има 12 години и со кој ужива и се гордее.