Искра Трпева: „Навивам да се врати наставата со физичко присуство“

На почеткот на деведесеттите години се случи експанзија на македонската музичка сцена. Тогаш се појави и Искра Трпева сега веќе Арсовска која ги отпеа едни од најголемите хитови. Нејзин најголем хит во тоа време беше „Само љубовта“. Искра веќе неколку години е во брак со Благоја Арсовски и со него ја има ќерката Ангела која по се изгледа чекори по стапките на мама.

Како беше да се биде популарен во 90-тите години?

Мислм дека секое време си носи свои вредности, моето беше со самиот почеток (летото’97). Привилегијата е навистина голема, а чувството неописливо.

Зошто решивте да се повлечете од македонската естрада?

Никогаш не сум кажала дека се повелкувам, впрочем нормални се тие периоди на неактивност поради многу работи. Толку активна како што бев некогаш не сум, но сепак сум тука. Последната композиција „Далечина“ беше пуштена летото 2019, значи само една година немам нова. Бидете трпеливи…

Што прави Искра во моментов?

Искра во овој момент „навива“ да се врати наставата со физичко присуство! Затоа што верувам дека можеме да бидеме дисцлипинирани. Ниту една друга настава не може да ја замени класичната! Јас како професор по соло пеење во Средното Музичко училиште во Скопје верувам дека ќе се најде модел за сето ова да биде реализирано.

Ви недостасува ли музиката и настапите во овие години?

Од музика никогаш доста. Јас сум цело време со музика, само што јавноста ме препознава по забавната музика, а на моето примарно работно место предавам класична музика (оперско пеење).

Имате ли моменти кои ви се трајно врежани во сеќавањата од многубројните настани?

Секако дека има, многу се настапите, оние контакти со публика, како пулсираме како едно, едно чувство кога мислиш дека и поклонот пред нив е премал, возвишено, прекрасно.

Што недостасува на македонската музичка сцена?

Офф… велите што недостасува? Недостасува почитта кон самите себе. За да бидеш почитуван насекаде, прво треба да се почне од дома. Јас повеќе не знам кои радио станици пуштаат Македонска музика? Им благодарам на оние малку кои што го прават тоа. Многу жално што дојдовме до дното. За да постои македонска музика треба да постои и огромна машинерија позади истата, тргнувајќи од медиуми завршувајќи до изведувачот, а во средина еден куп професионалци засегнати од истата. Јас сум секогаш оптимист и верувам дека и на ова ќе му дојде крај.

Сте размислувале ли за некоја друга професија во животот?

Она што сум го одбрала во овој живот  би го поминала и во секој нареден. Ете до толку го сакам ова што го работам.

Колку ви се смени животот од кога станавте мајка?

Многу. Ако пред тоа ми беше музиката на прво место, сега е мојата ќерка Ангела. Да го осетиш мајинството е тоа е возвишено и благословено чувство. Повеќе ништо не е исто. Чуствуваш дека живееш за неа.

Може ли вашата ќерка да тргне по стапките на мама?

Она веќе е ученик во нижото музичко училиште, инструмент пијано. Желбата беше исклучиво нејзина, а до кога ќе трае времето ќе покаже. Ништо во животот не оди на сила, а најмалку музиката.

Може ли наскоро да очекуваме уште некој хит од Искра?

Зошто да не. Нема да дефинирам но сигурно ќе има, на мое и се надевам на задоволство на публиката.

(Visited 177 times, 1 visits today)