Ирена освен што знае да пее, знае и да готви- сепак предупреди „ ако ти се паднам јас цел живот ке ти биде хаос“
Македонската пејачка покажа дека е вистинска домаќинка.
Иако често е зафатена со настапи по скопските кафеани, Ирена Спасовска која важи за една од најатрактивните фолкери ги засука ракавите и за Бадник сама си замеси домашно лепче.
Таа во последно време е доста активна на социјалните мрежи, па сподели неколку фотографии и напиша:
„Да ти се падне паричката тоа е знак за цела година среќа. Ако ти се паднам јас тогаш цел живот ќе ти биде хаос“ се пошегува Ирена на своја сметка.
Таа покажа дека покрај тоа што одлично пее и изгледа, знае и да готви, па сподели и фотографија од бадниковата трпеза и како и испадна лепчето кое сама го замеси.
Ирена гостуваше во неколку кулинарски емисии како Манџа на Канал 5 и Вкусот на традицијата кај Адријана на Алфа каде приготвуваше неколку видови специјалитети.
Нема сомнеж дека е една од најатрактивните фолкери, а на социјалните мрежи често го докажува тоа.
Ирена Спасовска на својот Инстаграм профил им ја честиташе новата година на своите фанови, но она што привлече внимание беше и нејзиниот стајлинг.
Облечена во црвена ноќница и црвена наметка, а на нозете црвени собни папучи, Ирена во опуштено издание посака подобра и посреќна година.
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.