Ирена бесна распали на фејсбук, па се зaкaни – Ова нема да им се допадне на хејтерите!
На популарната фолкерка и пукна филмот.
Ирена Спасовска е долго време на музичката естрада и важи за една од најубавите пејачки, а воедно и најбараните на македонската фолк естрада.
Постарите генерации ја паметат од времето кога настапуваа заедно со Андријана Алачки и нивните сопрузи, но веќе со години има соло кариера.
Освен што има многу хитови зад себе, Ирена во последно време доста работи на себе и решена е своето тело да го доведе до совршенство.
Се чини дека тоа го забележуваат и нејзините фанови, па често ја опсипуваат со комплименти под секоја објавена фотографија.
Сепак се чини дека има и такви кои ја навредуваат, па Ирена не можеше да издржи, па распали на социјалните мрежи.
-Еве ви една нова анонимна личност која од денеска може да ја експонираме и да стане „јавна”и во тоа ќе и помогнам бидејќи многу сака да навредува јавни личности, особено мене. За себе има високо мислење дека е ПРИРОДНА ЛЕПОТИЦА И ДОДЕКА TAA ПОМИНУВАЛА МАЖИТЕ СЕ ЛИЖЕЛЕ заслепени од нејзината убавина. Ова е нејзина изјава подолу ја има со скрин шот. Името и е С. Ќ- Цеце. Уживајте во нејзините слики гледајќи ги и немојте „лиги да ви потечат. “Знак на распознавање”: Црвена висока чизма над колена купена со пот”како што вели Цеца. П.С.Во иднина тие со најинтересни и небулозни коментари ќе се најдат на мој профил и на истите портали каде истите хејтаат!-напиша Ирена.
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк
Најверојатно Ирена имала некаков конфликт па не можеше да издржи и јавно пукна и сподели дел од пораките кои ги добивала.
Секако следеа еден куп коментари во кои фановите ја поддржаа Ирена.
Инаку Ирена на социјалните мрежи во последно време се почесто објавува од своите напорни тренинзи во теретана, од кои можеме колку сериозно е решена да ја доведе својата линија до совршенство.