Инстаграм профилот на Меган Маркл кој поради провокативните фотографии мораше да го избрише, повторно е активен! (фото)
Меган Маркл на кратко се врати на Инстаграм.
Поточно, нејзиниот профил кратко беше повторно активиран, но среќата за нејзините обожаватели не траеше долго.
Имено неколку часа, обожавателите на поранешна американска актерка можеа да го видат нејзиниот профил и фотографиите што тги објавуваше на него. Меган својот Инстаграм го деактивираше кога се сврши со Хари, а фотографии нема објавено од 2016 година.
Дотогаш редовно објавуваше фотографии од патувањата или со нејзиното куче, но се чини дека веднаш штом го сретна принцот Хари се опрости од оваа популарна социјална мрежа. Имено, на членовите на кралското семејство им е забрането да го користат „Инстаграм“, а приватните профили имаат само членови (или поранешни членови) кои не се директно вработени во палатата како што е на пример случајот со (контроверзната) принцеза Евгенија.
For those of you asking, Duchess Meghan is not making a return to Instagram. You can blame a system glitch for her account resurfacing on the app this morning😅 pic.twitter.com/sz3JWbJ0fD
— Omid Scobie (@scobie) December 18, 2018
И додека многумина веќе шпекулираа дека Меган и недостасувал нејзиниот Инстаграм и го активирала за да провери што има ново, други на Твитер тврдат дека за сé е виновна – грешка во апликацијата.
Па така профилот на Меган на кој ја следеа повеќе од три милиони корисници повеќе не е активен.
Еве некои од фотографиите од нејзиниот Инстаграм >>
На оваа фотографија Меган изгледа како вистинска фитнес инфлуенсерка, но сигурни сме дека токму ваквите изданија се главната причина поради која поранешната актерка мораше да заборави на својот профил.
Следува уште едно провокативно издание на војвотката…