Има корона и состојбата е сериозна – Северина во солзи, се огласи на социјалните мрежи веднаш откако ги слушна лошите вести!

Северина во солзи откако ги слушна потресните вести за својот пријател

Фото: Принтскрин

Познатиот фотограф Душан Петровиќ пред неколку дена откри дека и тој е позитивен за новиот вирус корона, а денес неговата објава од болницата ја сподели Северина, која често соработуваше со него.

„Ви благодарам на сите за пораките со поддршка и се извинувам што не можев да одговорам. Вечерва завршив во болницата бидејќи ми се влоши состојбата и температурата не ми се спушташе. Така што останувам тука сега за сега. Пазете се и внимавајте. Оваа корона е голем ужас, иако и тоа ќе го победиме“ напиша тој со фотографија од болницата на која се гледа како прима инфузија. Тоа го сподели и Северина и му испрати поддршка во форма на емотикони со срца.

„Во понеделникот дојдов во Крагуевац со намера да бидам со мајсторите затоа што работите се во тек. Во понеделникот сè беше во ред . Сепак, имав мала малаксаност, но тоа му го препишав на фактот дека имав девет снимања претходната недела и фотографиите ги уредував ноќе и не спиев. Понеделник кон вторник се разбудив околу три наутро, половина четири, со температура од 38,8 и треска. Бев навистина болен, тоа беше првиот симптом. Во вторникот отидов на клиниката, се тестирав, ми ги скенираа белите дробови, ми зедоа брис и крв“ – изјавил фотографот неодамна на Инстаграм, а потоа повторно се јави и напиша дека полека но сигурно „се подобрува“.

Фото: Инстаграм/ Северина

Но изгледа дека работите се влошија во текот на вечерта, па тој мораше да биде итно хоспитализиран.

Инаку, во последно време голем број луѓе од светот на естрадата се разболеа од вирусот корона, а некои за жал повеќе и не се со нас. Еден од нив е и македонскиот пејач и водител Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката си болеста, а болна беше и една од најголемите ѕвезди на овие простори, Цеца.

Цеца по изолацијата

Таа по раѓањето на внукот направи голема прослава во својата куќа во Белград, а неколку дена по прославата се дозна дека некои од гостите имале корона.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

По ова и Цеца направи тестови, на кои излезе позитивна. Позитивен беше и нејзиниот син Вељко.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Тие болеста ја поминаа во куќата на Цеца во Белград, а пред неколку дена повторно се тестираа и се негативни.

Фото: Илустрација

Што се однесува до ситуацијата кај нас, заради бројките на новозаразените со вирусот корона, кои во последните три недели воопшто не се оптимистички, па сите музики и културни настани се уште се забранети и не се разгледува можноста да се разлабават тие мерки.

Во тек е и онлајн акција на групата „Музика сега“, со која се повикуваат сите активни музичари, автори, исполнители од земјава да се потпишат на петицијата за итно враќање на музичките настани кај нас. Таа ќе биде доставена заедно со писмото на предлози до сите релевантни фактори во државата (Влада, Министерство за култура, Министерство за економија/финансии, амбасади…). Целта е да заживее музичката сцена, која почна да се буди и во нашето опкружување.

Извор: Ало.рс, Гламур

Facebook Comments
(Visited 4.959 times, 1 visits today)