Има и поефикасни казни од паричните: Еве како полицијата на Бали ги казнува оние кои не носат маски

Како што се попуштаат мерките во многу земји од светот, носењето заштитни маски станува задолжителна обврска за граѓаните на јавните места.

Во многу држави неносењето на маски се казнува со парична казна, а во тој домен најиновативни се покажаа властите на островот Интаран, на Бали.

Имено, локалните медиуми известуваат дека полицијата прекршителите ги тера да прават склекови, па на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии кои го докажуваат тоа.

Иако не постои официјална политика на локалните власти, страницата Коконатс Бали пишуваат дека се појавиле фотографии и снимки на кои се гледаат полицајци и луѓе без маски како прават склекови на улица.

Тамошните власти одредиле дека сите кои нема да носат маски, ќе им биде забранет влез во селото, додека оние кои ги кршат овие правила ќе бидат присилени на општокорисна работа и плаќање на казна во износ од околу 75.000 индонезиски рупии или околу 900 евра.

Facebook Comments
(Visited 73 times, 1 visits today)