TV

Имаш ароганција што ја шириш – Дани Димитровска брутална кон кандидатката Елена

Во втората сезона на „Пат до ѕвездите“ членовите на жирито строги?!

Реклама
Реклама

Во македонското талент шоу „Пат до ѕвездите“ кое се емитува на Алфа телевизија, натпреварувачите треба да застанат пред стручното жири Стојне Николова, Роберт Саздов, а третиот член се менува.

Во втората сезона на „Пат до ѕвездите“ членовите на жирито строги?!

Маркетинг

Оваа недела Дани Димитровска беше гостинката која требаше да ги оценува кандидатите.

 

Маркетинг

Од четворицата кандидати имаше само едена дама, Елена Михајловска -Лола. Русокосата 22-годишна девојка од Скопје, која веќе има искуство во музичките води застана гордо на сцената.

Елена се пофали дека веќе има и своја авторска песна со 2 милиони прегледи. На ова сите и честитаа, но тоа не ја спаси од добронамерните критики на поискусните колеги.

Откако водителката ја праша за тоа дали има трема таа самоуверено одговори со не.

По нејзиниот прв настап со песната „Невреме“ од Антониа Гиговска, Елена доби и негативни коментари од жирито.

Стојне ѝ рече дека нешто ја нервира кај неа. А пејачката Дани ѝ кажа дека има ароганција:

– Имаш некоја ароганција што ја шириш насекаде, не знам дали тоа ќе ти помогне или одмогне во животот. Но мене не ми се допаѓа, мораш да научиш да бидеш приземна, да ја чувствуваш музиката. Да не мислиш на тие 2 милиони прегледи, туку на вистинскиот пат на музиката – рече Дани.

ВИДЕО 

Елена доби и пофални зборови дека има талент и дека очигледно има аспирации за српската сцена.

Најпосле, задачата на жирито е да бидат реални и да им посочат како треба да се поправат за да бидат подобри кандидатите.

Младата девојка не помина директно во следниот круг, но ќе ја видиме во баражот со нова шанса за понатамошен пласман.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button