„Имаше чувство дека е гостинка во дворецот“ – Што ги скара двете принцези и ја натера Меган Маркл да замине од кралското семејство

Персоналот од кралската палата навистина многу сака да зборува, барем така тврди Том Квин, авторот на „Интимните мемоари: Од кралицата Мари до Меган Маркл“ за странските медиуми. Тој на „Побегнатата Меган“ и посвети посебно внимание, а не му е првпат да ги следи случувањата во кралското семејство. На тоа, како што се наведува потрошил добар дел од животот.

„Меган и Хари живееле одвоено од остатокот од семејството, во пет пати помала квадратура од Вилијам и Кејт. Поради тоа поранешната актерка се чувствувала како да не припаѓа, како да е гостинка на дворот. Имаше чувство дека никогаш нема да добие почитување и третман каков што има Кејт“, пишува во еден дел од кингата.
Од друга страна, од силното пријателство односот на браќата и нивните сопруга речиси и исчезнал по извесен инциден кога Меган и се развикала на Кејт.

„Меган побарала од послугата да изврши нешто за неа, а тие и рекле дека не сакаат зошто работат за Кејт, зошто според протоколот на дворот, сите имаат своја персонал. На Меган тогаш и паднал мрак на очи па наводно почнала да дивее. Викала дека таа е дел од дворот и заслужува почитување. Тогаш трајно е нарушен одност меѓу Кејт и Меган. Кејт не можела да верува, ѝ се насолзиле очите, зошто не била навикната на такви испади. Хари и Вилијам само ја погледнале. Подоцна се обиделе да ја „испеглаат“ ситуацијата, но безуспешно“, иронично објаснува Квин.

Кејт не и била на Меган најголемиот проблем во дворецот. Меган, според тамошните таблоиди, смета дека најмногу ја предала кралицата. Кога се запознале, Меган била воодушевена од едноставноста, виталноста и ставот на кралицата и во нејзе видела сојузничка. И било тешко да се прилагоди кон новиот живот и сите правила, а тогаш се појавила најважната личност во палатата и сето тоа и го олеснила.

Но, ова само така ѝ изгледало, зошто се потврдило спротивното.

„На почетокот не ѝ пречеа објавените написи. Беше актерка и навикната нејзиниот живот да е интересен за медиумите. Но не знаеше дека ова е некое друго ниво… Мислела дека кралицата ќе ја заштити од се, но кога почна да поднесува тужби против таблоидите, кралицата не ѝ даде поддршка“, наведуваат британските медиуми.

(Visited 553 times, 1 visits today)