DISNEY го објави првиот трејлер за преработката на нивниот најверојатно најпопуларен анимиран филм, Кралот на лавовите!
Филм ќе го има истиот третман како и одлично прифатената Книга за џунглата, а режисер повторно е талентираниот Џон Фавреу. Во видеото веднаш ќе ја препознаете и незаборавната сцена од анимираниот филм, а единствената разлика е што изгледа многу поспектакуларно.
Инаку, во филмот се враќа и легендарниот Џејмс Ерл Џоунс кој го глумеше Муфаса, а своите гласови на главните ликови во приказната за семејството, честа, пријателството и алчноста, ги позајмија и Доналд Гловер, Сер Роген, Били Ајхнер, Џон Оливер, Бијонсе и многу други.