Игра на судбината: Нивната љубовна приказна почна и заврши на истото место, каде што Цеца првпат го запозна Аркан (ВИДЕО)

Љубовната приказна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ и Жељко Ражнатовиќ почна во далечната 1993 година во еден ресторан. Сепак, кога се верија и кога ја планираа свадбата, таа отиде кај родителите и им ја соопшти својата одлука. Многумина не знаат каде Цеца првпат го видела Жељко.

„Бев во Германија и на бензинска пумпа купив „Плејбој“ каде го видов човекот на мојот живот. Налетав на интервју со Жељко Ражнатовиќ. Не разбирав што пишува, само гледав во неговата фотографија зошто многу ми се допадна. Беше тоа најмажествен и најзгоден маж кој некогаш сум го видела во животот. Помислив: „Значи тоа е тој Аркан!“ Единствено за што размислував е дека сакам да сум жена на такво мажиште“, рече Цеца во една прилика. Судбоносниот момент меѓу Цеца и Аркан се случил на 2. ноември 1993 година во хотелот „Интерконтинетал“. Цеца била жена во која Ражнатовиќ се вљубил на прв поглед.

„Потоа пристигна повик од менаџерот Бане Стојановиќ за, заедно со Џеј и Оливер Мандиќ да се појавам во Ердут. За време на смотрата седевме на страна и чекавме да почне. Го забележав на стотина метри. Стоев до некој генерал и прокоментирав: „Уф, какво маче! Кој е овој тип? Срамота како изгледа! Човекот само што не се шлогираше. „Дали си нормална? Тоа е командант“. Кога не запозна Оливер, Жељко рече: „Дали си ти таа ѕвезда која јас редовно ја шишам? Без истрауматизирана, исплашена. Се збунив“, раскажа Цеца.

„Јас него во викав Буцко, тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што жените сакаат. Се фалеше дека сум го фатила на слатко, купувајќи му чоколадо. Не, Аркан мене ми купуваше чоколадо. Запознав едно сосема поинакво суштество од она што го замислував. Јас него прва го бакнав! Аркан е навистина строг, но само кон војската. Сосема е поинаков човек во приватниот живот, тој е еден многу добар човек“, говореше Цеца која во почетокот на родителите не смеела да им каже со кого е во врска.

„Им реков дека ќе се мажам за Жељко. Мајка ми рече: „За Шашиќ? Прекрасно. Тој е одлично момче“. Татко ми не се мешаше во тоа. Само ме погледна и ми рече: „А Шашиќ?“ А јас им викам: „Каков Шашиќ? Се мажам за Жељко Ражнатовиќ Аркан!“ Луѓето само штп не попаднаа. Можеби и претходно нешто наслушнале, но се надеваа дека ќе помине. Тогаш татко ми стана сериозен: „Ако го направиш тоа, јас ќе се одречам од тебе!“ Знаев дека само ме заплашува. „Можете сите да се испотепате, јас ќе се омажам за него зошто го обожавам“, им реков. И кога Жељко првпат дојде кај нас, се фукционираше како според рецепт“, раскажа во една прилика најпопуларната пејачка на балканските простори.

Аркан пред венчавката морал да добие благослов од црквата со склопување на брак зоѓто бил 21 година постар од Цеца и зад себе имал три бракови. Се венчале на 19 февруари, а репортерите на „Њујорк Тајмс“ ја снимале нивната венчавка.

Фолк ѕвездата од бракот со Аркан доби две деца, ќерката Анастасија и синот Жељко.

Инаку, командантот на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан беше сmртно застрелан на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во присуство на Цеца. Судбината сакаше неговиот живот заврши трагично на истото место каде што ја запозна последната своја голема љубов, сопруга и мајка на неговите деца.

Facebook Comments
(Visited 287 times, 1 visits today)