Реклама
Наши ѕвезди

Игор и Илина вљубени „до уши“- љубовта од авион се познава

Реклама

Откако објавија дека се заедно станаа омилен пар на македонската јавна сцена, а двајцата пак не кријат дека се вљубени „до уши“.

Македонскиот најпопуларен шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илија Арсова судејќи по објавите на социјалните мрежи, но и пораките кои си ги посветуваат се вљубени и не ја кријат љубовта.

Маркетинг

Игор на својот инстаграм профил објави фотографија со својата сакана, а во описот на фотографијата напиша:

„Љубовта е насмевка што се познава од авион …“, напиша тој до објавата, а за кратко време објавата собра неколку илјади лајкови.

Маркетинг
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

Игор кон крајот на 2019 година  изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.

Парот неодамна ја прослави својата прва годишнина од врската, а Игор на свој уникатен начин се огласи на Инстаграм и напиша дека по само две недели дружење почнале врска.

ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …, напиша Игор Џамбазов.

И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности.

ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

Игор често споделува фотографии и кратки видеа од својата девојка и се фали што се таа може да направи.

Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сè, а Игор не крие дека е горд на неа.

ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

Пред извесно време Илина го запозна и својот свекор, маестро Александар Џамбазов. Игор сподели фотографија и од средбата на Илина со неговиот татко.

„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.

ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

А тоа дека нивната врска станува се посериозна, сведочи и тоа што Игор ги запозна родителите на Илина.

Имено, тие објавија фотографија со родителите на Илина во селото Јанче, во етноресторанот во рамките на хотелот Туто, кој очигледно е едно од омилените места на познатиот пар.

ФОТО: Илина Арсова / Инстаграм
ФОТО: Илина Арсова / Инстаграм

Тоа дека љубовта им цвета покажаа и со фотографиите од кои можеме да видиме како уживаат во прекрасните предели на Македонија. Тие и двајцата се авантуристи и обожаваат да ги истражуваат убавините на нашата прекрасна земја.

ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button