Иако се без шеќер, овој вид бонбони има лош ефект врз организмот!

Бонбоните без шеќер и не се баш најдобрата и безопасна опција за здравјето.

Производите без шеќер не содржат шеќери, но содржат вештачки засладувачи, поради што им недостасуваат голем број на хранливи материи и се полнат со супстанции кои не се нужно добри за вашето тело. Имено, слатките без шеќер се засладуваат со алтернативи на шеќерот – вештачки засладувачи, адитиви итн.

Досега, ниту една од овие супстанции не е докажано дека е поздрава од традиционалните слатки. Всушност, некои од нив, на пример, вештачки засладувачи, се поврзани со менување на микробиомот на цревата. Шеќерниот алкохол, од друга страна, може да предизвика гас, надуеност и дијареја, предупредуваат експертите.

ADVERTISEMENT

Исто така, имајте на ум дека без шеќер не значи дека производот нема јаглехидрати, така што калориите и мастите остануваат калории и масти. Стручен совет е да ги третирате таквите производи како обични слатки и да не се опуштате премногу кога ги консумирате.

Facebook Comments
(Visited 24 times, 1 visits today)
Loading...