Зуица Лазова и Наум Петрески горди на својот матурант – малиот неверојатно многу личи на својот познат татко
Синот на познатата естрадна двојка заврши основно училиште
Семејството на пејачката Зуица Лазова и нејзиниот сопруг Наум Петрески вчера имаше убава причина за славење.
Имено, наследникот на познатиот пејачки пар Стефан стана матурант, па гордата мајка сподели негова слика со емотивните зборови.
„Мајкин.. светла иднина да имаш“.
Фотографија од матурантот, односно колаж од фотографии објави и неговата сестра Македонка која му ја честиташе полуматурата, а потоа истиот колаж го сподели и Наумче на својот профил на Инстаграм.
Од фотографиите можеме да видиме дека синот на познатиот пар е момче за пример, но и дека личи на својот познат татко.
Пејачката и нејзиниот сопруг се горди на неговиот успех, па едноставно не можеа овој момент да не го споделат со јавноста.
Оние што ги познаваат Зуица и Наум имаат само пофални зборови за нив како родители, но и за нивните деца.
Стефан е копија на својот татко, а во една пригода Наум откри и дека убаво пее и дека знае да свири на гитара.
Инаку, познатиот брачен пар покрај Стефан ја имаат и ќерката Македонка која тргна по стапките на своите родители.
Наум од својот прв брак ги има и ќерките Анастасија и Сања со кои и Зуица и Наумче се во одлични односи.
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук