Реклама
Наши ѕвезди

Зорица во најгламурозното издание што сме ја виделе досега

Реклама

Пријатно изненадување

Пратеникот Мухамед Зекири се ожени со неговата девојка Бисера Јордановска со која неколку години беше во врска.

Маркетинг

Нивната свадба се одржа во хотелот Double Tree by Hilton, а кум и кума им беа премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева. Покрај премиерот и неговата сопруга, на свадбената веселба беше поканет и претседателот Стево Пендаровски како и министрите од Владата Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.

Маркетинг

Секако дека најмногу внимание привлече убавата невеста со нејзината венчаница која и стоеше феноменално. Имено, Бисера носеше бајковита венчаница која во горниот дел е отворена, со гол грб, додека во долниот се простира по подот и целосно е украсена со детали поради кои убавата невеста изгледаше како вистинска принцеза.

Покрај невестата во центарот на вниманието беше и сопругата на премиерот Зорица Заева која носеше преубав фустан во смарагдно зелена нијанса.

Во прашање е раскошна тоалета со должина до подот и долги ракави, направена од светкав материјал во смарагдно-зелена нијанса.  Фустанот е на преклоп во долниот дел и со отворено деколте во „V“ израз, со интересен детаљ во пределот на половината кој создава визуелен ефект на ремен.

Инаку, смарагдно-зелените нијанси веќе неколку сезони се вистински хит меѓу љубителките на модата. Во прашање е боја која симболизира богатство, раскош, елеганција, софистицираност и луксуз, а и како да биде поинаку која е боја на еден од највредните скапоцени камења.

Многумина сметаат дека за популарноста на оваа боја најмногу допринесе војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која важи за модна икона и досега повеќе пати се има прошетано во фустани во оваа нијанса. Оваа боја е симбол на природата, животот и здравјето, и што е најважно, лесна е за комбинирање и одлично им стои на сите, без разлика на боја на косата и тенот.

Хурем во раскошен фустан во смарагдно-зелена нијанса

Во продолжение погледнете фустани од најпознатите брендови во оваа шик нијанса.

COSTARELLOS £1,254.17

EYWASOULS MALIBU £233.33

GUCCI £2,483.33

HERVÉ LÉGER £1,845.83

HERVÉ LÉGER £1,283.33

RAQUEL DINIZ £920.83

REFORMATION £253.87

SALONI £579.17

SELF-PORTRAIT £250.00

SILVIA TCHERASSI £1,450.00

STELLA MCCARTNEY £1,041.67

TALBOT RUNHOF £1,062.50
Фото: Нет-а-портер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button