Зоки фаци ги отвори вратите на својот дом- ѕирнете како изгледа неговиот гламурозен стан
Поранешниот контроверзниот новинар покажа дел од неговиот дом.
Зоран Василевски или како што многумина го познаваат Зоки фаци е поранешен водител на познатиот ТВ магазин „Бекстејџ“
и покрај тоа што реши да се откаже од телевизија и од новинарството тој сепак остана интересен за јавната сцена, а посебно е интересен бидејќи важи за човек без влакна на јазикот.
Тој често отворено зборува на многу теми и не се срами да упати и критика.
Бидејќи е доста активен на социјалните мрежи Зоки откри делови од неговиот дом.
Прекрасна дневна соба во весели бои и украсена со еден куп слики од коњи.
Ако ги погледнете фотографиите не е тешко да сфатите дека Зоки фаци е голем љубител на ова грациозно животно и целиот негов дом е украсен со прекрасни уметнички дела и дрвени украси како и украси мотивирани од индијанската култура.
Весели бои, баш онакви како што одговараат на ликот и карактерот на Зоки Фаци.
Зоки својата кариера ја започнал уште многу млад, а за кратко време се стекнал со голема популарност.
Она што малкумина го знаат е тоа дека Зоки по професија е ветеринар. По завршувањето на школувањето веднаш аплицирал да работи во Зоолошката градина во Скопје.
Животот му го променил еден оглас во весник, на кој се барало ветеринар да пишува статии за животни. Така започнала неговата новинарска кариера.
Зоки е еден од ретките новинари/водители кои директно поставувал прашања поврзани со приватниот живот на популарните личности, после кои многу од нив занемувале.
Важи за голем професионалец и досега имал можност да прави интервју со многу балкански ѕвезди
Секогаш прашува и зборува за тоа за што другите немале храброст, па токму затоа се стекна со голема популарност.