Наши ѕвезди

Згодна и убава како барбика: Стојанче Ангелов е оженет со вистинска убавица – политичарот ја покажа својата романтична страна

Advertisement

Важат за еден од најскладните парови во Македонија, а и двајцата може да се пофалат со неверојатен изглед и линија.

Advertisement

Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Пред 8 месеци Владата го именуваше Ангелов за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

Advertisement
ФОТО: Стојанче Ангелов / Фејсбук

Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово.

Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во Битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.

Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.

ФОТО: Стојанче Ангелов / Фејсбук

Ангелов и неговата сопруга Јасминка се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.

Таа, дел од МВР и жена која отворено влезе во војна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Јасминка и Стојчане имаат по една ќерка од претходните бракови, а заедно имаат син и ќерка.

ФОТО: Стојанче Ангелов / Фејсбук

Сите заедно се едно големо, среќно семејство.

Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.

Еден за друг велат дека се сродни души, грнче и капаче.

Јасминка во свое интервју има кажано дека Стојанче е токму половината која ѝ недостасувала цел живот.

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

Таа откри дека Стојанче обожава да готви за своето семејство и дека помага многу во домашните обврски.

Најважно за нив за да се одржи љубовта и да трае е да се даде најдоброто од себе.

Поради нивните професионални ангажмани, имало периоди кога долго време биле разделени еден од друг.

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

Кој не бил разделен од саканиот велат, не знае колкава е болката.

Иако политичарите делуваат како ладни и луѓе без емоции, Ангелов е сосема спротивно од тоа.

Тој често знае да сподели и романтични фотографии со својата сопруга и јавно да ѝ изрази љубов.

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

По повод нивната годишнина во 2014 година тој напиша романтична порака која ја објави јавно, посветена на неговата сакана Јасминка.

„Дали знаеш дека те сакам“
(насловот е позајмен од една преубава песна на Дадо Топиќ)

Како да беше вчера…

Ни повеќе, ни помалку…

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

Tочно 10 години откако го украдов срцето на мојот ангел Јасминка

10 години зад нас. 10 години љубов и страст, радост и тага. И две прекрасни деца.

Две прекрасни чеда. Сара и Марко. Првото 5 години и 7 месеци, второто 4 години и 7 месеци. Разликата меѓу нив, една година и 15 дена.

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

Ако на нашите, ги додадеме мојата и нејзината ќерка, Каролина и Ева, и двете од убави поубави, и двете по 15 години, излегуваат точно 4 (четири). Со 4 прекрасни деца, човек навистина има причина за радост. Радост но и голема одговорност. Бидејки, семејството е света работа.

Кога на одговорноста за семејството ќе ја додадам и борбата за Македонија… Македонија, со сите нејзини слабости, доблести и убавини… Навистина имам за што да живеам! Навистина имам за што да се борам! И ќе се борам! До крајот на животот! До смрт!!!“, напиша Агелов.

ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук
ФОТО: Јасминка Ангелова / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button