Нега и здравје

Згазна на РИБА- ЗМЕЈ, те спржи МЕДУЗА- Што треба да направите ако ви се случи некоја од овие незгоди на плажа?

Летото е омилено годишно време за многумина. Подготовките за годишниот одмор на некоја плажа се очекуваат со нетрпение со месеци.

Покрај тоа што одморот на плажа ни нуди релаксација, разладување, уживање, понекогаш  токму на ова местоа знаат да се случат  неочекувани незгоди за кои не знаеме како да реагираме.

Не ретко ќе прочитаме или слушнаме за некоја непријатна ситуација која му се случила на некого на плажа, како убод од морско еже, го спржила медуза, добил сончаница, неодмана една Србинка сподели што ѝ се случило на нејзината 8-годишна ќерка откако згазнала на риба-змеј.

 

„Моето дете од 8 и пол години згазна на риба-змеј, која има отровни боцки. Спасувачот ни советуваше да ја ставиме ногата во жешка вода и по пет минути таа престана да вреска. До вечерта ногата ѝ потече, бидејќи во организмот имаше отрови. Сега е во ред. Но кај возрасните може да предизвика инфаркт“ – Србинка го сподели своето непријатно искуство од летувањето во Грција.

Еве уште неколку совети како да реагирате при незгоди на плажа. И ќе ве потстетиме кои работи задолжително треба да си ги носите со вас на плажа како прва помош.

Убод од морско еже

Морски ежови живеат на плитко можнив најлесно можеме да ги сретнеме кога влегуваме во морето.Доколку не внимавате каде газите многу лесно можете да настрадате. Проблемите ќе станат уште поголеми ако боцките од ежот останат во вашето тело, па поради тоа нужно е таквите боцки да се извадат. Традиционално средство за ублажување на убодот е смоквино млеко кое ќе ја намали болката. За да не дојде до гноење намачкајте го местото со антибактериска крема, а после вадење на боцката се препорачува крема богата со рибино масло.

Медуза

Медузите многу вешто се камуфлираат во мосраката шир, средбата со нив е незабележлива. Но, сепак за нив тоа претставува момент на самоодбрана при што тие испуштаат посебна течност – киселина, која во допир со човечката кожа и слузокожа предизвикува непријатност, црвенило, печење, или плускваици. Во допир со очите, ситуацијата може да стане доста лоша. За намалување на мачнината  се препорачува  третман со пресечен домат, кој се става на нападнатото место. Постојат и посебни креми за овој вид на проблем.

Исеченици

На плажите има илјадници посетители, па меѓу нив можат да се најдат и некои несовесни кои фрлаат секаков вид отпадоци на самиот песок кој ги покрива и тој станува невидлив. Но, сепак може да предизвика убоди и исеченици, а со самото тоа и да пренесе инфекции, дури и тетанус. Задолжителна е посетата кај лекар и антитетанус вакцина. Најпрво, сопрете го крварењето, направете дезинфекција со јод, или алкохол и затворете ја раната со ханзапласт, или завој. И отидете веднаш на лекарски преглед.

Изгореници од сонце

Најчестиот проблем со кој се соочуваме на плажа  се изгорениците. Покрај грдиот изглед, изгорениците се и болни, што понекогаш ќе ве остават и без спиење. После неколку дена кожата почнува да се лупи и се појавува нов слој млада кожа. Доколку дојде до ова, кожата треба значително повеќе да се хидратира со креми за после сончање, освен ако не се работи за потешки случаи, кога е неопходна консултација со специјалист. Сепак, најчесто користено средство, кое се покажало како успешно, е мачкање со густо кисело млеко кое бавно се суши на кожата.

Сончаница

Предолг престој на сонце без соодветна заштита резултира во сончаница. Исцрпеност, вртоглавица, мачнина и повраќање се само некои од симптомите на оваа состојба. Сончаницата бара неколку дневно лежење во кревет и внесување на големи количини течности, најдобро супа, чорби и овошни сокови. Личноста која има сончаница веднаш треба да се тргне од сонце и да се стави во полуседечка положба. Доколку не е способен сам да пие, треба во устата да му става по една голтка вода од време навреме и на челото да му се стави крпа натопена во вода.

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button