За неа се шушкаше дека е во врска со познатиот турскиот шармер со МАКЕДОНСКИ корени – еве што вели Санем за тоа

Турските медиуми почнаа да се интересираат за убавата турска актерка Демет Оздемир уште кога глумеше во „Романтичарот“, заедно со колегата Џан Јаман.

Фото: Инстаграм

Тогаш за неа пишуваа и голем број странски медиуми, посебно откако почна да се шушка дека е во врска со Џан Јаман, но ова информација никогаш не беше потврдена како 100 % точна.

Демет Оздемие е една од оние дами кои преферираат да молчат кога е во прашање нивниот љубовен живот.

Но фановите се многу љубопитни токму за оваа тема од нејзиниот живот. Тие сакаат да знаат дали е сама или е во врска со некого, па актерката прв пат беше многу јасна во едно од нејзините последни интервјуа.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Кога познатата италијанска водителка Силвија Тофанин ја праша за љубовниот живот додека гостуваше во нејзината популарна емисија „Верисимо“ во Италија, шармантната турска актерка реши да одговори на сите прашања и недоумици поврзани со оваа тема.

Таа ја даде следнава изјава:

„Во моментов немам никој. Имам фанови кои што ме сакаат“, изјави кратко и јасно познатата актерка.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Ова секако дека нема да ги предомисли медиумите и понатаму да пишуваат за нејзиниот љубовен живот, Тие и понатаму ќе истражуваат да дојдат до одговор и да видат дали во некои гласини има и по нешто вистина.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Едноставно тешко е да се поверува дека една валк шармантна актерка нема никој во својот љубовен живот, нели?

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Пријатели или љубовници, прашање е сега?!

Инаку турските медиуми пишуваа дека Демет и Џан наводно впловиле во љубовна романса на снимањето на 20 -та епизода. Но нивната врска остана тајна се до самиот крај кога шармантниот турски актер престана да молчи и призна дека со Демет се гледал и приватно.

Но неговата изјава дека меѓу актерите мора да се развие хемија за да се оствари успех, наиде на бројни критики од страна на неговите колеги, па младиот и неискусен Џан беше „осуден“ од колегите во шоубизнисот.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Што се однесува до Демет, таа за Џан ќе изјави:

„Имаме одличен однос со Џан Јаман, тоа беше одлично искуство кое ни донесе слава и на двајцата. Му посакувам успешна кариера и понатаму Ние сме пријатели, тој човек е полн со вредности, кого го сакам многу, иако не се гледаме многу често што поради различните обврски што поради новите правила што ни ги наметна пандемијата. Тој е личност за која многу се грижам“, изјави таа при гостувањето во шоуто на италијанскиот Канал 5.

Фото: Инстаграм/ Џан Јаман

Од друга страна постојат и сомневања дека тие се сé уште во врска и дека не се само пријатели. Иако и двајцата го негираат тоа, Џан неодамна беше виден како излегува од куќата на Демет, па некои турски медиуми објавија дека тие наводно ја продолжиле врската, но тоа го кријат.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир

Инаку, Демет, односно симпатичната Синам од „Романтичарот“ претходно ја следевме во улога во слатките приказни за „Наследници“ и „Мирис на јагоди“, а сега повторно ја гледаме во „Романтичарот“. Таа во оваа популарна турска комедија глуми девојка со необичен шарм чие срце ќе биде освоено од бунтовниот богаташ Џан.

Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
(Visited 5.393 times, 1 visits today)