За Илина нема зима! Се соблече и влезе во студеното Охридското Езеро – ПОГЛЕДНЕТЕ како се спрема за Водици (фото)
Уште еднаш покажа дека е вистински авантурист и обожава предизвици.
Важи за девојка која не мирува, авантуристички дух и голема храброст.
Планинарката Илина Арсова е физички активна, а сега се предизвика самата себеси и на 25-ти декември се соблече во костим за капење и влезе во Охридското езеро.
Сите знаеме колку е студена водата во охридско среде лето, а камо ли пак кој крајот на декември, сепак Илина собра храброст и го направи тоа.
-На здравје капење. Се спремаме за Водици – напиша Илина, а нејзините фанови ја пофалија за храброста и ѝ порачаа дека е најдобра.
Илина е една од ретките која може да се пофали дека искачила пет од седумте највисоки планински врвови во Европа, но и прва жена а Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Освен планинарење Илина се занимава и со уметноста, а има напишано и книга „Планинарење“.
Инаку Илина е во врска со познатиот шоумен Игор Џамбазов повеќе од една година и важат за омилен пар во земјава.
Игор не се штеди на зборови кога се работи за неговата сакана, а по повод првата годишнина од нивната врска тој откри и како се запознале.
-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …, напиша Игор Џамбазов на Инстаграм.
Инаку Игор често споделува фотографии и кратки видеа од својата девојка и се фали што се таа може да направи.