Затвoрање на угостителските објекти за време на „локдаунот“ било незаконски-еве каква е состојбата во Македонија

Локдаун, Коронавирус и карантин се најчестите зборови кои ги слушавме изминатата година.

Токму поради коронавирусот беше воведен карантин и полициски час, а со тоа беа затворени и многу угостителски објекти ширум светот и во Македонија, но судот во Белгија пресуди дека ваквата одлука во нивната земја била нелегално.

Ограничувањата наметнати од министерката за внатрешни работи  биле незаконски затоа што таа немаше овластување да донесе такво решение.

Судот во Белгија во петокот пресуди дека затворањата на кафулињата и рестораните биле незаконски бидејќи министерката немала такво овластување, а истакнати беа и низа критики што Државниот совет не беше вклучен во донесувањето на одлуката.

Од страна на судот на Владата и се дадени 30 дена за да ја укине одлуката за затворање на угостителските објекти бидејќи недостигаат правни основи за рестрикциите поврзани со коронавирусот.

Од таму велат дека топа не било правилна одлука, туку одлука на Министерката за внатрешни работи.

Владата работи и на закон за пандемија за кој во моментов се расправа во парламентот, што може да послужи како правна основа за затворање кафулиња и ресторани, а поднесена е и жалба по која судот треба да се изјасни за десетина дена, односно на 18ти мај.

Владата ризикува дневна казна од 5.000 евра доколку не се придржува до наредбата, која беше изречена денеска, соопштија неколку белгиски медиуми. Сепак, казната е ограничена на вкупно 200 илјади евра.

Во регионот, но и во Македонија угостителскиот сектор беше еден од најподогените во пандемијата. Меѓу првите беа и сè уште се затворени.

На почетокот на пандемијата Владата одлучи да ги затвори угостителските објекти, а подоцна со носење на неколку протоколи за работа беа отворени, но изминатиот месец Април, Македонија беше зафатена со третиот бран на коронавирусот, па повторно беше донесена забрана за работа на рестораните.

Сепак изминатата недела во беше донесена одлука да се отворат само летните тераси и да работата само од 20 часот и 30 минути, денеска одлуката беше малку преиначена, а работното време продолжено.

Новиот предлог од Кризниот штаб е рестораните и кафулињата со летни тераси да работат до 22 часот и 30 минути.

Засега нема промена на одлуката за забрана на семејни прослави, свадби, крштевки и родендени, но се надеваме дека наскоро ќе имаме можност повторно да се вратиме во нормален живот.

(Visited 9 times, 1 visits today)