Заразени од коронавирус во САД добиваат лек кој сите го имаме дома: На пациентите кои го примиле им е подобро

Пациентите кои поради коронавирусот се сериозно болни во државата Њујорк добиваат огромни дози на витамин Ц. Ова се прави врз основа на ветувачките извештаи дека им помогнал на луѓето во тешко погодената Кина.

Д-р Ендру Џи. Вебер, пулмолог рече дека неговите пациенти на интензивна нега со коронавирус веднаш добиваат 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количества силен антиоксиданс повторно се применуваат три до четири пати на ден, рече тој.

ADVERTISEMENT

Оваа доза е 16 пати поголемаод дневните препораки на витамин Ц во исхраната од страна на Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Во болниците во Њујорк се раководат од експерименталниот третман кој е применет врз лицата со коронавирус во Шангај во Кина, рече Вебер.

„Пациентите кои примиле витамин Ц се значително подобро отколку оние кои не добивале витамин Ц“, рече тој,

Инаку, клиничкото испитување на ефикасноста од интравенскиот витамин Ц врз пациентите кои се заразени со коронавирус почна на 14 февруари во една болница во Вухан.

Facebook Comments
(Visited 45.193 times, 9 visits today)
Loading...