Нов тренд во светот на фризурите по кој полудеа девојките

Во прашање е нова светла нијанса која посебно ќе им се допадне на русокосите девојки. Креатор на овој тренд е американскиот колорист Даниел. Тетреулт.
Русата боја на коса секогаш е ИН. Но таа подразбира широка лепеза нијанси – од платинеста до онаа што е на самата граница со светло кафеавата боја.
ADVERTISEMENT

Но токму овие различни нијанси се менуваат од сезона во сезона и ги создаваат трендовите како што е и овој.

Последните неколку години во тренд е „balayage“ техниката со која се нагласува природниот изглед, а се однесува на нијансирање на бојата од потемна во пределот на темето кон посветли врвови.
Но овој пат во прашање е нешто потполно различно од популарната „balayage“ техника која беше хит неколку сезони – станува збор за „нордиска“ руса коса.

Но ова не подразбира платинесто руса нијанса, туку боја која е речиси бела, а зад самиот тренд стои фризерот Даниел Тетреулт кој на своите клиентки веќе им ја бојадиса косата во оваа тренди неодолива нијанса.

Но пред да решите да ја направите оваа фризура, треба да имате на ум дека им се препорачува само на оние што имаат посветла коса. Важно е и да внимавате на квалитетот на косата, а за да ја добиете оваа нијанса треба да сте подготвени да поминете кај вашиот фризер од пет до осум часа.
Па, дали би сакале да имате нордиска руса коса?