ЖИВОТОТ БЕЗ НЕА НЕМА СМИСЛА: Популарната пејачка со МОЌНА порака открива како се ЧУВСТВУВА, оваа личност и ја дава најголемата СИЛА

Животот ја стави на многу тестови.

Популарната српска пејачка Тања Савиќ со месеци се соочува со семејната драма која и се случи во жвиотот.

Таа постојано се обраќа до своите пријатели со своите емотивни статуси што допира навистина до многумина.

Тања со својот проблем со кој се соочува сака и на некој начин и да им укаже на некои работи и на своите пријатели,да внимаваат кого пуштаат во нивното срце за да не поминат низ вакви трау матични периоди како неа.

Еве ја нејзината емотивна објава во целост.

– Негувајте кај себе една добра карактеристика- никогаш не се расправајте со луѓето кои ве разочарале. Никогаш не се враќајте на она место каде ви било лошо.

Никогаш повеќе немојте да барате ништо од оние кои еднаш ве одбиле.

И никогаш повеќе не ги пуштајте во близина оние кои ве изневериле, стои во статусот на пејачката која пати по нејзините синови кои моментално се во Австралија со нивниот татко Душан.

За потсеување, Тања остана без своите деца откако сопругот Душан Јованчевиќ со измама без нејзино знаење ги одведе синовите во Австралија.

Тања дури и тврди дека Душан ги користел децата за да ја уценува.

Со оглед на тоа дека има голема српска заедница во Австралија, во медиумите во Србија се јавуаат соговорници од Австралија кои кажуваат детали од животот на Тања и Душaн во Австралија.

Така една жена од Австралија вели дека во изминатот период го среќавала Душан, а претходно често ги гледала заедно со Тања кога биле заедно.

– Го сретнав Душан во Австралија. Не покажуваше некои знаци на нервоза ниту дека актуелната афера нешто го потресла. Барем таков впечаток добив, вели оваа жена од Австралија.

– Претходно кога Тања и Душан доаѓаа, често ги сретнував. Никогаш не се случило да се караат во јавност, но додека беа тука, никогаш таа не смееше да мрдне без него никаде.

Душан ја контролираше цело време, а прашање е што се случувало меѓу четири ѕида. Многумина сега ја осудуваат Тања што не направила нешто претходно, но мора да бидат свесни дека тоа не баш така лесно да се среди како што многумина мислат, вели соговорничката и додава:

– Нивните деца имаат австралиско државјанство. Тања, ако претходно покренеше некаква постапка, мораше да ангажира адвокати од Австралија.

Тоа е прилично скап процес и Тања сигурно би ја чинело повеќе од 100.000 евра. Овде во Австралија адвокатите се многу скапи.

Иако таа е успешна пејачка, тоа и не се мали пари и не треба Тања да се осудува. Никој не знае колку и е тешко и сигурно е дека кај Тања секогаш постоел тој страв дека Душан ќе ја одвои од децата.

Во овие тешки денови Тања има најголема поддршка од нејзината сестра , па објави фотографија од неа и напиша неколку убави зборови:

– Сестра, една од најголемите поддршки во овие тешки деенови.

Чувајте ги драгите луѓе бидејќи има зл0о насекаде околу нас. Не дозволувајте никој да ја валка вашата душа со својата зло ба и душата на вашите најмили.

Злоото не сака добро, но затоа доброто секогаш победува, напиша Тања.

 

(Visited 541 times, 1 visits today)