Животната драма на пејачот кој не успеа да ги освои публиката и жирито на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Веста дека поранешниот учесник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се обиде да си го одеме животот скокајќи од мост во Пријепоље ја вознемири балканската јавност.
Маж на возраст од 42 – години се качил на Шарамповски мост во Пријепоље со намера да си го одземе живот, објавија медиумите при што на самото место се појавиле и полиција и противпожарните спасувачки единици како и екипа на Итната помош.
До мажот дошол и преговарач и после разговорот со командантот на пријеполската полиција, Даниел Петриќ, тој се откажал од намерата да скокне од мостот во реката Лим.
Се работи за Мерзан Тахировиќ, поранешен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“.
Мерзан се прослави како „најлош натпреварувач“ на оваа емисија, а неретко влегуваше и во расправи со жирито. Без оглед на потсмевот од жирито, не се откажуваше од настапот, па така неколку години по ред се пријавуваше, но без успех.
Меѓутоа, Мерзан покрај пеењето, вниманието на јавноста го привлече и минатата година кога реши да почне штрајк со глад. Имено, тој работеше во Јавното комунално претпријатие „Лим“, а пред зградата на општинаската управа, бараше да му се исполни само едно барање – да го вратат на работа за да може да живее од својот труд, а не од милостина.
Тој во изминатите пет години во ЈКП „Лим“ бил ангажиран на повремени и привремени работи и програми за јавна работа, а на 11 ноември му истекол и договорот за работа.
Дали Мерзан затоа вчера имаше суицидни намери, засега не е познато.