Живата Барбика во уште едно неверојатно издание – нејзиното лице е толку совршено што никој не знае дали е кукла или вистинска жена
Поради својот изглед стигна до самиот врв
Нидак Даки Тот се почесто е гостинка на црвените килими на гламурозните настани и познати фестивали. Манекенката едноставно изгледа неодоливо и никого не остава рамнодушен со својата необично темна боја на кожа, како и заради специфичната убавина и прекрасниот тен што го има.
Таа е Австралијанка со потекло од Јужен Судан, а светските медиуми често за неа пишуваат како жива Барбика.
Нејзиното семејство емигрираше во Австралија по војната во Јужен Судан, пред да се роди, така што таа е родена во Мелбурн и има шест браќа и сестри.
Во светот на модата заплови како манекенка уште на 15 години благодарение на нејзината постара сестра Ники која ја работи истата професија.
Таа се прослави во 2013 година кога се појави во австралиската верзија на популарното шоу „Next Top Model”.