Жените стареат побрзо од мажите, тврдат научниците

Лоши вести за жените доаѓаат од Австрија.

Една студија спроведена на Универзитетот во Виена покажа очигледно забрзана појава на брчките на лицето кај жените во 50-тите години, просечната возраст во која се јавува менопауза, пишува The Sun. Особено,  на жените во тие години, очите почнуваат да им изгледаат помали,  носот и ушите се продолжени, а лицето станува многу изменето поради намалувањето на процентот на масти на кожата.

Се смета дека главната причина за ова е губењето на естроген, хормонот кој влијае на производството на колаген, што е клучно за еклектичноста на кожата. Колагенот во кожата во текот на првите пет години на менопауза е намален за околу 30 проценти. Научниците, исто така, веруваат дека коските се реапсорбираат, така што јаболкиците стануваат помалку изразени и брадата е намалена.

ADVERTISEMENT

Една студија објавена во Journal of the American Journal of Physical Anthropology открила дека процесот на стареење е сличен на мажите и жените, но различно е брзината со која се изведува и е повисока кај жените. Пред 50-годишна возраст, стареењето на женското лице е двојно побрзо од машкото, додека овој процес кај жените на возраст од 50 до 60 години станува тројно побрз.

Истражувачите ги анализираа лицата на 88 мажи и жени и ги споредија со различни возрасни групи. “За разлика од мажите, процесот на стареење кај жените се забрзува во 50-тите години”, рече Соња Винџагер, шеф на истражувањето, додавајќи дека оваа возраст може да варира околу десет години нагоре и надолу, во зависност од тоа кога една жена влезе во менопаузата.

Facebook Comments
(Visited 20 times, 1 visits today)