Жената која никогаш не го остави Ронадло гладен, а не е неговата мајка – ова е СУПЕРХЕРОЈОТ на Кристијано, и гордо зборува за овие тешки денови!

Тешките денови на Роналдо.

Кристијано Роналдо денес може да си дозволи се што ќе посака, тој е прв фудбалер во историјата кој заработил повеќе од милијарда долари, а на времето немал ни за леб…

Пораснал во шестчлено сиромашно семејство.

Неговата мајка Долорес работела по неколку работи за да ги прехрани. Татко му бил воен ветеран, кој своите проблеми ги лекувал со алкохол, па целиот товар паднал на Долорес.

Роналдо бил вљубен во фудбалот, па мајка му правела се да му овозможи да си го оствари сонот и да стане професионален фудбалер. Кога имал 12 години отишол во Спортинг од Лисабон потполно сам. Немал пари и често бил гладен.

-Имав 12 години и немав пари. Живеев со врсници, други играчи од цела Португалија. Ми беше тешко без семејството.

Се сеќавам дека имаше еден „Мекдоналдс“ во кој добивавме хамбургери, оние што не ги продале во текот на денот.

Таму работеше една жена и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги најдам, рекол Роналдо во интервју за британска телевизија.

Неговите обожаватели брзо ја почнале потрагата, и конечно била најдена Паула Леса, жената која ја барал фудбалерот.

Паула за јавноста изјави дека сака да се сретне со Кристијано Роналдо на вечера.

– Ќе се појавеа пред ресторанот и кога ќе останеа неколку хамбургери, нашиот менаџер ни даваше дозвола да ги поделиме. Еден од нив беше и Кристијано Роналдо кој беше најплашлив. Тој доаѓаше речиси секоја вечер, рекла Паула.

Тоа било во далечната 1997 година кога Португалецот играл за младинскиот клуб во Лисабон и сам признал во неколку наврато дека тој период бил многу тежок за него. Живеел во тешки услови и тоа без семејството.

– Се уште се смеам на сето тоа. Му кажав на синот кој прво не ми веруваше бидејќи му беше тешко да замисли дека неговата мајка му давала на Роналдо хамбургери.

МОјот сопруг знаеше за тоа бидејќи во неколку наврати доаѓаше по мене и го имаше сретнато Кристијано, открива Паула.

Роналдо рекол дека сакал работниците на Мекдоналц да дојдат кај него на вечера за да им се одолжи, а Паула изјавила дека со голема чест ќе ја прифати поканата.

– Првата работа која ќе му ја кажа е „Фала“, а потоа ќе разговараме и ќе се присетиме на минатите времиња, изјавила Паула.

Се расплака на интервју

Оваа приказна и многу други Роналдо откри во емисијата на Пирс Морган каде зборуваше за својата жена и за се што минал во животот.

Дојде на интервјуто мислејќи дека ќе биде забавно, а потоа му протече солза. Британскиот водител му го покажа видеото каде покојниот татко гордо зборува за него. Португалецот не можеше да ги запре солзите.

Во краткото видео таткото зборува за својот син додека стои на влезот од куќата. Роналдо без татко бил 20 години. Починал од алкохолот.

– Никогаш го немам видено ова видео. Не можам да поверувам, рекол Роналдо низ солзи.

– Мислам дека ова интервју ќе биде смешно, не очекував да плачам. Никогаш не сум го видел ова видео. Немам појма од каде ви е на вас…

Морам ова да го покажам на семејството. Навистина не го познавам добро мојот татко. Беше алкохоличар. Со него не сум разговарал многу. Не сме имале ниту еден нормален разговор. Беше тешко, раскажал фудбалеррот.

Водителот Пирс Морган го прашал поради што бил најтажен

– Не ме виде кога станав најдобар во светот, кога ги примав наградите. Не виде што постигнав. Цело семејство тоа го виде, мајка, браќа, дури и најстариот син, но татко ми не виде ништо, рекол тој.

Горд татко

Роналдо порасна практично само со мајка. И денес, кога има свое семејство,неверојатно е поврзан со нив. Долорес ужива во чувањето на четвртото внуче, а најмногу време поминува со најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор (10). Португалецот е татко на уште двајца близнаци Ева Марија и Матеа, а најмладиот син Алан го доби со Георгина Родригез.

– Георгина многу ми помогна. Таа е мајка на моите деца, многу ја сакам. Таа ми е пријателка. Многу разговараме.

И го отворив срцето, а таа ми го отвори своето. Еден ден јас и Георгина сигурно ќе се венчаме. Тоа е голема желба на мојата мајка, открил Роналдо кој обожава да го помине времето со семејството.

Никогаш немал вистински однос со таткото, а тоа е тоа што денес го боли. Тоа не може ништо да се залечи , никакви милиони, никакви автомобили.

Таа болка се носи цел живот, а се обидува да ја залекува со својте деца и да им го даде сето она што тој не можел да го има. Татко кој ќе биде херој за своето дете.

 

 

 

 

 

 

 

(Visited 116 times, 1 visits today)