Наши ѕвезди

Емотивна страна: Љупчо Николовски ја покажа својата убава сопруга – погледнете како младиот брачен пар ужива во љубовта!

Advertisement

Генералниот секретар на СДСМ ужива со својата сопруга

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Младиот политичар од редовите на СДСМ, од минатата години ужива во бракот со сопругата Андријана.

Advertisement

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, е горд на фактот што има таква сопруга покрај себе, па на својот профил на социјалните мрежи не ретко објавува заеднички фотографии.

Секој пар има свој начин да ја покаже својата љубов – некои купуваат цвеќе, а некои го следат во чекор својот партнер и го поддржуваат во сé што работи. Младиот политичар очигледно ја има оваа поддршка од својата сакана, па под една нивна заедничка фотографија ќе напише:

„Душата на место, срцето исполнето. Со добра мисла деновите се секогаш поубави. Наоѓајте секогаш време за оние кои ви се најмили, кои се тука за вас тогаш кога ви оди сè од рака, но и тогаш кога сте турнати во лоши мисли поради нешто. На крај на денот, за нив живееме. Сакајте се, чувајте се и имајте убав празничен викенд! Ве поздравувам од преубавиот Свети Наум“ напиша Љупчо на својот профил на Инстаграм.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Тој облечен во поло маичка, а таа со сламен шешир на главата позираат покрај изворите на преубавото Охридското езеро. Од заедничките фотографии можеме да видиме дека љубовта им цвета и дека и двајцата уживаат во бракот.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Бидејќи и двајцата се по потекло од Крива Паланка, за нивата љубов многу се зборуваше.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Тие беа неколку години во врска, па по некое време ја прекинале врската, по што Андријана заминала во Словенија. Таа тогаш работеше во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. По неколку години разделеност, тие случајно се сретнале на први јануари 2019 година и сфатиле дека љубовта е посилна од се’. Продолжиле таму каде што застанале, но овој пат многу позрели и поискусни, а по некое време ќе го кажат и своето судбоносно „да“.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Инаку, Љупчо Николовски откако беше сменет од министерското место беше назначен за генерален секретар на СДСМ. Тој дојде на местото на неговиот сопартиец Александар Кирацовски, кој беше разрешен од функцијата најверојатно како превенција поради случувањата со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и случајот „Рекет“.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Пред да дојде на негово место, Љупчо беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој по потекло е од Крива Паланка, каде во младоста работел и како ди-џеј во единствената дискотека во овој град.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Од свадбата на Љупчи и Андријана
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски
Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button