Емотивна порака за најсаканиот маж во нејзиниот живот – Мијата ги воодушеви сите, ова беше причината
Честитки пристигнуваат до македонската пејачка, а причината е прекрасна.

Малото детенце порасна во преслатко момче, а Мијата јавно му го честиташе родендено и напиша навистина емотивна порака.
Наташа Мијатовиќ –Крстевска, или позната по уметничкото име Мијата, често споделува интересни детали од своето секојдневие или настани на својот инстаграм –профил.
ФОТО: Интаграм / Наташа Крстевска
Освен што е максимално посветена на муичката професија, Мијата има уште една професија.
Таа е контролор на летање на скопскиот аеродром, пејачка со кариера, авантурист и, како што вели, пред сè, посветена сопруга и мајка.
ФОТО: Интаграм / Наташа Крстевска
Воопшто не е лесно да се грижиш а бебедноста на илјадници патници, ообено во некакви стресни ситуации.
Мијата е одлична во сѐ што прави.
ФОТО: Интаграм / Наташа Крстевска
Публиката првпат ја запозна со учеството на српкиот Идол, во кој учествуваше заедно со Ноне.
Првиот самостоен хит со наслов „Верувам во себе” го издаде во 2007 година.
ФОТО: Интаграм / Наташа Крстевска
Нејзиниот најголем успех и богатство се нејзината ќеркичка Никита и синот Калин.
Калин веќе е момче кое наполни 13 години, а по повод роденденот Мијата одлучи да сподели негова фотографија и да му упати честитка на Инстаграм.
ФОТО: Интаграм / Наташа Крстевска
„13-кa за Калин Крстевски! И 13-ка за нас родителски стаж!
Никој вистински не може да нѐ подготви за сите предизвици и радости што ги носи родителството! Но тоа е тајната на ова патување! Бескрајна љубов за тебе Калин од твоите мајка, татко и сестра! Зачувај го духот што дава ведрина во нашите животи“.