Пејачката Емина Јаховиќ реши да се одмори и да ги наполни батериите на море
Убавата пејачка која за себе вели дека конечно успеала да го најде својот духовен мир бидејќи не дозволува некој друг да раководи со нејзините емоции, деновиве си ги полни батериите на море.
Таа деновиве објави неколку фотографии на Инстаграм и ни откри кој е најважниот маж во нејзиниот живот.
Мојот најголем благослов е кога ќе ми каже мама, напиша Емина под фотографијата на која се шета со синот Јаман.
Инаку, Емина неодамна се најде во центарот на вниманието кога за медиумите изјави дека повторно е во врска со Садетин Саран. Во медиумите исто така можевме да прочитаме и дека нејзиниот поранешен сопруг, Мустафа Сандал, бил бесен поради нејзината љубовна врска.
Но Емина во своето интервју напомена дека Мустафа не е тип кој би и викал и дека такво нешто не правел ни додека биле во бракот, а камо ли пак сега, откако не живеат заедно. Таа додаде и дека е во одличен однос со поранешниот сопруг, но исто така и призна дека нивните деца тешко навикнаа на фактот дека мама и тато повеќе не живеат заедно.
„Тоа е тешко и за мене и за нив, многу страдавме. Посебно му беше тешко на Јаман, постариот син, кој беше свесен за целата ситуација. Но за среќа, тој е разумно дете. Подобро добар развод отколку лош брак“, зборуваше искрено познатата пејачка во своето последно интервју.
Иако пред некое време Емина призна дека е во љубов со згодниот турски бизнисмен, а потоа откри дека се разделиле, турските медиуми наведуваат дека парот никогаш не се разделил, туку дека се во тајна врска заради Мустафа. Но Емина овие гласини не ги потврди.