Емина Јаховиќ им го „краде“ бизнисот на Лила и Елена – нов тренд на Балканот меѓу славните!

Емина се врати во Србија.

Популарната пејачка Емина Јаховиќ моментално престојува во Србија, каде го промовира својот нов бизнис.

Таа ја преставува козметичката линија на која работела во изминатите пет години, а во една емисија убавата пејачка зборува за својот бренд, семејството, љубовта.

На прашањето дали Емина е среќна и заљубена, пејачката искрено одговорила.

– Јас сум секогаш заљубена, но не исклучително во мажи. Заљубена сум во работата, во своите синови, а кога станува збор за мажите, моентално сум слободна, но тоа не значи дека можеби нема да изненадам во скрора иднина.

Сега имам многу работа, а кога се заљубувам не сум толку продуктивна.

Продуктивна сум кога имам простор да се сконцентрирам само на работа, искрено одговори Емина.

Исто така беше прашана како би опстанала работата со кзметиката.

– Со многу работа. Мене тоа ми е се во животот, никогаш не сум работела, ради реда. Успехот е загарантиран кога работиш многу, ова е голем залак и морам заедно со својот тим сериозно да се занимавам со тоа, рекла пејачката.

Емина беше забележана дека има нова тетоважа на нејзиниото тело, еве што и значи.

– Ги истетовирав имињата на моите синови.Децата ми се најважни во животот, живеам за нив. Кожата за мене е многу важна, некако ми е одраз на интелегенција, но во тој момент посакав да ги истетовирам нивните имиња.

Рамислував дури и да го истетовирам и името на мојот брат, и на татко ми и на дедо ми, бидејќи мене моите мажи многу ми значат, но се предомислив. Оваа тетоважа е многу мала, не се гледа, открива пејачката.

Бизнисот со козметиката стана тренд меѓу познати на Балканот, многу популарни личности почнуваат со сопствени линии, меѓу познатите кај нас се и нашите   Лила Филиповска и Елена Ристевска, колку овој бизнис ќе успее да ги збогати популарните личности останува времето да покаже.

Парфемот на Лила се вика Love by L.

Парфемот е бленд од цитрусни ноти и бели цветови!  Прекрасното кристално шишенце кое крие композиција од миризливи етерични масла и природни ароматични соединенија.

Парфемот на нашата водителка Лила одлично беше прифатен од страна на обожавателите и често  баран на нашиот пазар.

Пејачката Елена Ристевска лансираше линија на парфеми наречена Ера, кампањата за парфемот ја работеше во Мајами.

Таа направи и машка и женска линија.  Исто така и на Елена Ристевска парфемот беше одлично прифатен, а многумина колеги имаа чест први да ги помирисаат   парфемите на нашата пејачка, бидејќи таа ги изненади, па им испрати на сите на домашна адреса.

Убав гест од младата бизнисменка!

Се надеваме дека долги години ќе опстојуваат на нашиот пазар, и се андеваме дека нивните брендови ќе се продаваат и на светските пазари.

 

 

 

 

(Visited 1.449 times, 1 visits today)