Емина повеќе не го крие своето момче – погледнете како се забавува со милијардерот. Во костим за капење и со заљубен поглед
Пејачката Емина Јаховиќ ужива со своето момче
Тоа што Емина Јаховиќ и нејзиното момче Садетин Саран повторно се заедно наводно го прославиле со луксузен одмор за кој потрошиле 50.000 евра, пишуваат турските медиуми.
Турскиот милијардер со кого Емина е во врска откако се разведе од поранешниот сопруг, пејачот Мустафа Сандал, за оваа пригода изнајмил луксузна јахта долга 43 метри. Јахтата има шест кабини и ја опишуваат како хотел на вода со седум ѕвездички, а со нив се и пријателите.
Медиумите објавија и фотографии на кои можеме да видиме како тие уживаат додека го минуваат времето заедно, а нивните занесени и вљубени погледи кажуваат повеќе од илјада зборови.
Емина неодамна откри дека се смирила со турскиот милионер откако пет месеци не биле заедно.
„Пресреќна сум. Вљубена сум и тоа е толку емотивно. Конечно ги исполнив сите дупки во мојот живот“, изјави пејачката.