Елена Ристеска ни покажа топ фризура за која не треба фризер, а на сите им стои одлично – можете да ја направите за само една минута

Им стои убаво на сите, а и се прави за една минута

Фото: Фејсбук/ Елена Ристеска

Оваа фризура е одлично решение за оние денови кога немате многу време за средување на косата.

Социјалните мрежи веќе одамна се преполни со разни туторијали и фотографии, а една од најомилените фризури на Инстаграм е и таканаречената висока пунџа која можете да ја носите во секоја пригода.

Таа е одлична и за сите оние „bad-hair“ денови или кога немате инспирација како да ја средите косата.

Фото: Фејсбук/ Елена Ристеска

Познатите дами високата пунџа ја носат во сите варијанти, а што се однесува до Елена, таа ја носеше со прекрасна шминка. Имено, се работи за тренди фризура која им стои убаво на сите, и можете да ја направите многу брзо.

Одличен избор е за опуштена прошетка низ градот, средување по дома или за на црвен килим.

Фото: Фејсбук/ Елена Ристеска

За ваква фризура не е потребно да резервирате термин кај вашиот фризер, со што ја прави одлична и за време додека траат рестриктивните мерки и сме во изолација.

Како сами да направите интересна висока пунџа погледнете во следните неколку видеа:

(Visited 110 times, 1 visits today)