Елена Велевска си фати дечко милионер – од неа е помлад 10 години

Пејачката Елена Велевска повторно се најде во центарот на вниманието поради својот љубовен живот.

Имено, откако се повија гласините дека се разведува, фолк пејачката самата ги демантираше и во едно интервју изјави дека понекогаш и нејзе и се случуваат несогласувања во бракот, впрочем како и на секој друг пар, но со сопругот ги решиле проблемите, особено поради нините три деца.

ADVERTISEMENT

Но неодамна македонските медиуми објавија дека помеѓу неа и Марјан сепак не цветаат рози и дека тој заминал во Австралија, оставајќи ја Елена сама со децата. Според извор на естрадниот магазин Ексклузив, Елена на концертот во Америка се запознала со богат Македонец, сопственик на неколку фабрики кој по концертот и испратил 100 ружи.

Според изворот, а како што пренесе Ексклузив, помеѓу Елена и младичот се родил љубов на прв поглед. Тие почнале интензивно да се забавуваат, и покрај тоа што љубовникот е 10 години помлад од неа.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Пејачката сè уште се нема огласено за овие шпекулации, а не го коментираше ниту тоа што сопругот, со кого има три деца, повторно ја напуштил и си заминал во Австралија, како што пренесоа денес повеќе наши медиуми.

 

Facebook Comments
(Visited 5.095 times, 1 visits today)