Елена Бубало: „Децата ми се причина да се грижам за себе, за своето здравје, да вежбам и да работам“

За некого личен тренер, а за некого фитнес инструктор, сопруга и мајка на две деца Андреј и Зои. Елена Бубало вели дека вежбањето ја исполнува, а мајчинството ја дополнува. Најголема мотивација и е фамилијата и армијата од вежбачи кои секој ден се среќни после тренинг и и праќаат пораки за нивните резултати и постигнувања.

Од кога вежба Елена?

Ако играорната се важи за спорт одснонсо за физички активна тогаш од мојата 8-ма година. Па после за време на факултет почнувам со групни рекреативни активности тоа се некои 13 години до сега.

Како се храните вие?

Долги години дома фамилијарно се трудиме да се храниме здраво, но и правилно бидејќи тоа е различно. Па од се што пробавме и учевме дојдовме до Зонската исхрана, која многу ни одговараше за секој ден, за стил на живот што може да го имплементираме и на нашите родители, на нас како и на нашите деца. Зборуваме за избалансирана исхрана, со барем 4 оброци во текот на денот, што повеќе разноврсни намирници. Поточно секој оброк да ни е избалансиран и да содржи јагхлехидрати, протеини и масти во одреден сооднос, за сите дома различно. Секако не сме роботи и си си дозволуваме надвор од таа ихсрана, но се трудиме реално многу околу исхраната бидејќи е најважен фактор за здравје, а кој не сака да биде здрав.

Колку време ви беше потребно да го постигнете резултатот кој го имате сега?

Ах, мојот резултат сега може и не е репер после родени две деца, а особено после Зои која има 9 месеци. Но се враќам полека во форма и давам максимум од себе. Но ако тоа го извадам на страна, мојот изглед и достигнување е долг процес за долго истото да трае, не е ништо преку ноќ, не е ништо со еднократна диета или хемија. Туку е многу труд, вежбање, спиење, исхрана односно мојот начин и стил на живот придонесува за ваков изглед.

Која е вашата мотивација?

Мотивација ми е фамилијата и армијата од вежбачи кои секој ден се среќни после тренинг и ми праќаат пораки за нивните резултати и постигнувања. Тоа ме мотивира секој ден да сум подобра, појака и посреќна.

Мајка сте на две деца како успевате да се посветите и на мајчинството и на вежбањето и на она што го работите?

Само добра организација и план. Еден ден ако го немам сум изгубена во денот и не знам кај терам. Од друга страна имам работа која ја сакам, ја уживам и со огромна љубов ја работам, па тоа ми помага дополнително. Успевам и да вежбам затоа сметам дека секоја мајка треба да си одвои за себе време во денот, јас тоа време го користам за тренинг бидејќи тоа ме прави среќна и ми дава енергија да се носам со сите предзвици во текот денот. А тоа како успевам да се посветам и на децата, па тие се љубов а не се обврска, уживам со нив на 1001 начин, и не ми се оправдување туку ми се причина да се грижам за себе, своето здравје, да вежбам и да работам.

Тешко ли беше да си ја вратите одличната физичка линија после породувањето?

Ах, не знам дали ми беше тешко или лесно, не знам дали така се мери. Ама јас не запрев никогаш. Односно тоа што го правев пред двете бремености, продолжив и во бременоста и после породување, не направив ништо поразлично освен што беше различен интензитетот на тренингот. Само бев константна, дисциплинирана и бременоста не ја сметав за состојба во која треба да јадам за двајца и да одмарам и мислам тоа придонесе да не направам ништо плус а да изгледам сега вака, сепак не сум блиску до посакуваната форма пред двете деца но треба време. Јас давам максимум од себе, но во исто време не си ја оптеретувам главата со тоа, се трудам да бидам најдобра верзија психиччки и физички и сметам дека за сега добро ми оди. Затоа ако се претера за време на бременост и постпородилен период и тоа како ќе биде тешко да се врати телото назад, но ако за целиот тој период се внимава, сте физички активни и не се јаде за двајца тогаш ќе биде лесно.

На што треба да се насочат мајките во постпородилниот период?

Тој е убав но и тежок период и нели лесно е од надвор да зборуваме и да судиме но секој си ја знае својата состојба. Но сепак се трудам да ги потикнам сите, да после 6-тата недела од пораѓајот посетат гинеколог да утврди каква е состојбата и полека со негова дозвола да се почне со лесна физичка активност, полесно се враќа така и телото, мускулатурата и кожата, мајката има повеќе енергија и расположение. Исто не е важно само вежбањето туку и исхраната, да се внимава на истата, на калорискиот внес и да не се слушаат комшиките дека треба да се јаде многу за мајката да има млеко. Ако не знаат сами да си конслутираат стручно лице кое ќе ги насочи како да се хранат. И да се стават на страна сите оправдувања, особено во тој период кога сме дома не се оди на работа и сигурно имаме време и за себе и за децата и бебето. Ова го кажувам и од лично искуство и се надевам ќе допрам и мотивирам повеќе идни мајки.

Има жени кои за време на бременоста зголемуваат и повеќе од 25 килограми, која е вашата препорака? Како да се намали телесната тежина?

Ако дојде веќе до оваа ситуација, тогаш две работи се клучни а тоа се важбање односно физичка активност и режим на исхрана. Трето нема, да не се посегнува по лесни кратки начини па да имаме јојо ефект и ништо здраво така не сме постигнале. Она што е важно исто е да се реагира одма, за полесно и побрзо да оди целиот процес, а не после 1 година. Затоа што целото внимание се дава на бебето и се заборава мајката колку е важно да се посвети на себе.

Која е вашата бјути рутина?

За ова сум срамота да зборувам. Од никогаш сум немала проблематична кожа, особено удел за тоа има вежбањето. Освен што користев крема збогатена со хијалурон ништо друго. Но откако останав со Зои бремена тоа е со второтo дете, ми се појави голема сувост и некои нови моменти за мене со состојбата на лицето. Бидејќи сум Велнес амбасадор на Орифлеим, им се обратив нив и они ми испитаа тип на кожа и до денес употребувам цел NovAge сет за 30+ тоа е цела рутина која за сега ептен ми одговара.

Колку вода треба да се пие дневно?

Ова е едноставно прашање со не толку лесен одговор. Бидејќи има индивидуален пристап, кој зависи од повеќе фактори како здравјето, физичката активност и тоа каде живееме. Таа е многу важен дел од телото и затоа секогаш се поставува ова прашање. Има многу истражувања, трудови, но некоја средина ако земеме од сите нив е околу 2.5 литри за жени и 3.5 за мажи просечно за возрасни. Сепак системот си има механизам што се вика жед треба и него да го слушаме. Тука повеќе треба да посветат луѓето што слабо пијат вода и да почнат за тоа да водат малку поголема грижа.

Скара или сладолед?

Сладолед

Каква музика слушате кога вежбате?

Јас сум изрод така ме викаат и вежбачите и Атанас и сестра ми Стефи дека не слушам музика додека вежбам и воопшто не ми фали за да ме мотивира. Кога вежбам сама вежбам без музика и никогаш не пуштам 🙂 а кога се собираме да вежбаме или вежбам во сала не се бунам најчесто се вежба на последни актуелни хитови или миксови склопени за вежбање.

Кој е вашиот совет за оние кои се уште се немаат решено да почнат да вежбаат?

Еее и ова не е лесно прашање а сте го оставиле за крај :).  Не се успива со радикални промени. Треба секој ден да се прави мала промена за тоа да биде на долг рок. Затоа најдете тренер што ви одговара со својата енергија и видот на тренинг, секаде можете да пробате бесплатен прв тренинг и да видте што најмногу ќе ви се допадне. Останете таму каде што се чуствувате пријатно и каде со нетрпение ќе чекате следен час. Сватете го вежбањето како дел од вашето секојдневие, не како обврска која мора да ја направите туку нешто што сакате да го правите. Од вежбањето ќе имате само придобивки, знам дека е тешко некогаш да се направи првиот чекор, па си велам сите сме зрели личности кои не треба да се молиме и убедуваме туку да сме свесни за нашата состојба и нашето здравје.

(Visited 492 times, 1 visits today)