Премиерот на Македонија Зоран Заев заедно со својата сопруга Зорица беа дел од настанот „Downing 10“ на самитот на НАТО.

Настанот го организираше премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој покажа одлично гостопримство.
Сопругата на премиерот за овој настан избра сив елегантен фустан со црна лента во пределот на половината, а целото издание го зачини со децентна шминка и коса врзана во кусо коњско опавче во задниот дел.

Во прашање е креација која поради кројот, текстурата и детаљот на струкот изгледа мошне интересно, а воедно и телото го прави да изгледа поубаво.
Фотографиите ги објави премиерот Заев на неговиот налог на социјалните мрежи и предизвикаа големо внимание.

Тој објави и една фотографија на која се гледа македонско црвено вино на кое го има и знамето на НАТО.

Што мислите за ова издание на Зорица?