Елегантната Кејт Мидлтон ги воодушеви сите во ова традиционално издание и со чевли од 1500 денари

Модна икона број еден во Британија

Фото: ЕПА/ Автор: Неил Хал

Кејт Мидлтон каде и да се појави го предизвикува вниманието на сите со својот генијален моден избор.

Па така откако во тиркизна нијанса ги воодушеви Пакистанците, таа продолжи да ги реди своите модни приказни на кои никој не може да остане рамнодушен.

ADVERTISEMENT

Па така убавата војвотка која во последно време само реди комплименти што постојано ги добива за својот изглед, уште еднаш воодушеви со својот стајлинг при посетата на „Model College for Girls“ во Исламбад.

Фото: ЕПА/ Автор: Неил Хал

Таа за оваа пригода повторно избра традиционална облека на земјата што ја посетува, па така се прошета во традиционалната туника „курта“, во кралска сина боја која ја носеше со шал и панталони во иста нијанса и со потписот на домашниот дизајнер Махен Кан со што ги освои Пакистанците.

Фото: ЕПА/ Автор: Неил Хал

Кејт целото издание го заокружи со чевли од превртена кожа до познатиот британски хај-стрит бренд New look кој е познат по своите поприлично достапни цени, па така овој модел на интернет може да се најде за околу 1500 денари.

Фото: ЕПА/ Автор: Неил Хал

Па, дали ви се допажа Кејт во ова издание?

Facebook Comments
(Visited 173 times, 1 visits today)
Loading...