Езерото Пет бои – најфасцинантниот природен феномен во Кина

Езерото во пет бои се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Јиужаигу во Кина.

Тоа е преубаво планинско езеро што лежи на надморска височина од повеќе од две илјади метри.

Го доби своето име затоа што водата ги менува боите – малку зелена, потоа жолта и сина…

Езерото со пет бои се смета за мистично затоа што водата не замрзнува, за разлика од останатите блиски езера.

Влезот за туристи е ограничен, а езерото не е длабоко. Неговото дно е покриено со остатоци од паднати дрвја. Ова езеро се смета за едно од најчистите во светот и лесно можете да ги видите неговите жители на дното.

Езерото со пет бои го проучувале многу научници, а прашањето е зошто никогаш не замрзнува.

Националниот парк Јиужаигу е на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1992 година.

(Visited 7 times, 1 visits today)