Едно место во Македонија што треба да го посетите ова лето – ќе се воодушевите, посебно ако сте љубител на природата и музиката!

Ова лето придружете се и вие и бидете дел од аутдор фестивалот „Ја сакам Плачковица“ …

Фото: Фејсбук

Аутдор фестивалот „Ја сакам Плачковица“ е фестивал што промовира спортски здрав начин на живот во природно опкружување низ повеќе спортски дисциплини, дружење и уживање во добра музика.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 10 јули кога сите посетители ќе имаат прилика да учествуваат во повеќе спортски активности.

Како главни настани ќе бидат организирани големи концерти на отворено со познатите македонскиот бенд„Некст тајм“ и познатата пејачка Зарина Првасевда.

Фото: Инстаграм/ Зарина Првасевда

Покрај овие два бенда ќе настапат и „Кентаур & Хот лајн“.

Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ ќе има програм за сите возрасти – музички, уметнички, едукативен и авантуристички, а главната идеја е на учесниците и посетителите да им се овозможи да поминат неколку убави денови на планина, заедно со семејството и пријателите.

Фото: Фејсбук

Фестивалот промовира здрав и активен живот со заштита на природата. Оние што ќе бидат дел од фестивалот ќе можат да учествуваат во најразличните активности како што се планинско трчање, опен клјбинг за најмладите на вештачката карпа, потоа искачување на врвот Лисец прек виа ферата, посета и истражување на пештерите, учествување во едукативни работилници, а ќе бидат овозможени и места за презентација на омилените активности, филмови и сл.

Фото: Фејсбук/ Планинарски дом Вртешка

Оние што имаат повеќе авантуристички дух ќе имаат прилика да кампуваат во шатори од камп центарот, додека останатите ќе можат да се сместат во планинарскиот дом Вртешка (сите што сакаат да ноќеваат во планинарскиот дом треба навреме да го резервираат сместувањето).

Фото: Фејсбук

Натпреварувачки дисциплини

Во склоп на фестивалот ќе бидат организирани активности во следниве спортски дисциплини:

Планинско трчање, планински велосипедизам, извиднички активности проследени со отворена забава со пријателски оган, потоа посета на пештерите, качување на врвот Лисец преку виа ферата, open climbing – качување за почетници на новата карпа во пл. дом Вртешка.

Фото: Фејсбук

Посебен дел од програмот е наменет за најмладите кои ќе можат да ја доживеат природата на поинаков начин.

Имено, во склоп на фестивалот ќе биде организиран „open climbing“ за почетници на новата вештачка карпа, а ќе има и детски планински маратон. Напоменуваме дека лица под 18 години треба да имаат дозвола од нивните родители доколку сакаат да учествуваат во некоја од предвидените активности, но и навремено да се пријават за истите.

Фото: Фејсбук

На фестивалот ќе има многу добра скара и ладно пиво и се разбира позитивна енергија.

Организатори на фестивалот се:

– Дпс Лисец – Штип заедно со сите свои клубови, Општина Карбинци и Општина Штип

Фото: Фејсбук

Напомена

За да учествувате на фестивалот мора да се регистрирате и да потпишете форма за лична одговорност и познавање на избраната форма на активност.

Лица под 18 години треба да имаат дозвола од нивните родители. Партиципација за учество на фестивалот во било која избрана дисциплина е 350 денари.

Фото: Фејсбук

За детални информации за секоја избрана активност ќе добиете соодветни линкови и тел броеви.

Пријавувањето за сите кои имаат желба да учевствуаат во било која активност е задолжително заради подобра организација. Останатите кои нема да земат учество во активност се добредојдени и за нив не е потребна партиципација туку многу насмевки.

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

,

(Visited 1.241 times, 1 visits today)