Едно гратче во Италија успеа целосно да го запре коронавирусот, направија само една важна работа

Експеримент за сузбивање на ширењето на заразата со коронавирусот кој е спроведен во гратчето Вò во регионот Венето на самиот почеток од корона кризата резултираше со целосна елиминација на новите случаи, пишува Фајненшл Тајмс.

На работниците одздравството тоа им успеа зошто повеќе пати ги тестираа од коронавирусот сите 3.000 жители во местот, независно од тоа дали покажувале симптоми на болеста. Кога ќе утврделе дека некој е позитивен на коронавирус, го ставале него и сите со кои бил во контакт во строг карантин. Благодарение на тој режим успеале да го запрат ширењето на болеста.

Андреа Крисанти, експерт за зарази од Царскиот колеџ во Лондон и учесник во експериментот во Вò, ги повика сите земји кои го ограничуваат тестирањето, а меѓу нив се и Велика Британија и САД, да се угледаат на ова италијанско гратче и да почнат потемелно да тестираат поголем број граѓани.

ADVERTISEMENT

-Во Велика Британија постојат многу повеќе заразени кои целосно се игнорираат, рече Крисанти за Фајненшл Тајмс.

– Ние овде успеавме да го спречиме ширењето на заразата така што ги пронајдовме „скриените“ заразени и ги изолиравме. Тоа е клучно.

Нивниот успех ја нагласува важноста од тестирањто и изолирањето на здравите ширители на заразата, а тој пристап го поддржува и Светската здравствена организација (СЗО). Тие оваа недела ги повикаа сите земји кон тестирањето да пристапат агресивно, истакнувајќи дека протоа Јужна Кореа и Тајван поради тоа успеале до одредена мера да го сузбијат ширењето на заразата.

– Нашата клучна порака е: „тестирајте, тестирајте, тестирајте“- рече во понеделникот челникот на СЗО Тедрос Адхан Гебрејесус.

Крисанти рече дека овој необичен и по многушто случаен експеримент на научниците им овозможи да направат целосна „епидемиолошка слика“ на болеста.
Тестирањето започна како направена мерка на 22февруари во тоа гратче откако од КОВИД-19 почина првото лице. Не е јасно зошто бројот на заразени од коронавирусот на северот од Италија драстично скокна пред да се случи тоа во остатокот од Европа. Крисанти и другите сметаат дека тоа се случило затоа што тој дел од Италија на економски план е тесно поврзан со Кина.

Првиот круг на тестирање е направен кон крајот на февруари во Вò покажа дека 3 отсто од жителите се инфицирани со коронавирусот, но и тоа дека половина од носителите не покажувале никакви симптоми на зараза. По изолирањето на заразените, вториот круг тестирање, кое е спроведено десет дена подоцна покажало дека степенот на заразеност на популацијата се намалил на 0,3 отсто.

Во текот на вториот круг тестирање идентификувани се шест заразени лица кои немале никакви симптоми. Тоа значеле дека и тие треба да се стават во карантин.

– Да не ги препознаевме, заразата би продолжила да се шири, објасни Крисанти.
За разлика од стратегија на опширно тестирање кое е применето во Вò и препораките на челниците на СЗО, земјите како Велика Британија и Холандија одлучија да ја применат стратегијата „имунитет на стадото“ која вклучува пуштање на заразата да се шири низ популацијата за да може популацијата самостојно да стекне отпорност.

Дорит Ницан, сокоординаторка за итни случаи на СЗО за Европа, тврди дека стратегијата за имунитет на стадото не би требало да се користи во случајот со коронавирусот зошто за самиот вирус многу малку се знае и дека здравствената заедница се уште го проучува.

Фајненшл Тајмс наведува дека стратегиите кои одредени земји ги користат за борба против коронавирусот постојано се менуваат. Велика Британија оваа недела најави дека ќе го зголеми опсегот на тестирање за да се намали бројот на нови случаи на зараза кои би можеле да доведат до преоптоварување на здравствениот систем.

Властите во италијанскиот регион Венето сакаат да продолжат агресивно да го тестираат населението. Целта им е дневно да земат најмалку 11 илјади брисеви.

– Ако некој ги повика нашите специјални телефонски броеви и вели дека е болен, се тестираат сите членови на семејството на тоа лице, сите нејзини пријатели и сите кои живеат во близина на тоа лице, рече Крисанти.

Лука Заиа, претседател на Венето и покренувач на проектот во Вò, даде поддршка на иницијативата за агресино тестирање.

– Носителот на заразата без симптоми може да зарази десет лица. Брисевите можат да спасат животи, рече тој.

Facebook Comments
(Visited 92.524 times, 10 visits today)
Loading...