Една сиромашна ученичка и го подари најубавиот божиќен подарок на учителката
Учителка во едно основно училиште во Вашингтон доби божиќен подарок од една од своите ученички.
Нејзиниот подарок ги изненади сите…
Имено, учителката Рејчел Уретски-Прат од Вашингтон доби бројни подароци од своите ученици, вклучувајќи чоколада и рачно изработен накит, но она што нејзе и го скрши срцето беше кесе со шарени бонбончиња.
Како што учителката објасни на нејзиниот профил на Фејсбук, сите деца во нејзиното училиште се на бесплатни или намалени појадоци. Но, девојчето кое ги даде своите бонбончиња беше решено да и даде на учителката подарок, и покрај тоа што и за неа има многу малку. Девојчето тогаш го земала кесенцето што го добило за појадок, го отворило и направило подарок за нејзината учителка со кој ги трогна сите.
„Бидете благодарни за она што го имате и за она што другите ќе ви го подарат. Тоа навистина доаѓа од најдлабоките делови на нивните срца”, пишува Рејчел на Фејсбук, а нејзината објава стана вирална, а бројни нејзини пријатели признаа дека не можеле да ги задржат солзите.
Тоа се случи минатата недела, и по нејзиното објавување стана хит, па учителката се огласи повторно. Таа напиша дека не може да верува до колку многу луѓе допрела со нејзината објава и им се заблагодари на сите за бројните понуди за донации за децата и училиштето што ги добила.