Една преубава вест од домот на нашиот познат актер – пристигаат честитки, Бараков никогаш посреќен
Бараков зачекори во осмата деценија од животот
![](/wp-content/uploads/2024/05/barakov-780x470.jpg)
Ова беше посебен ден за целото негово семејство
Еден од омилените македонски актери, Лазар Бараков, кој со децении ги освојува срцата на нашата публика со бројни театарски, телевизиски и филмски улоги деновиве го прослави својот јубилеен роденден.
Имено, Бараков е роден на 24 мај 1954 г. во струмичкото село Мокрино, така што на празникот на Кирил и Методиј наполни 70 години.
Тој е актер со богата кариера, но најмногу е познат по неговите улоги во култните Македонски народни приказни.
Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков
Со овие негови улоги во овие приказни пораснаа многу генерации, а како што и самиот Лазар повеќе пати има истакнато работата со колегите како Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозови, Анче Џамбазова и сите останати му преставувало толкаво задоволство што по толку многу снимања и толку многу време поминато заедно тие почнале да се чувствуваат како едно големо семејство.
Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков
За жал некои од нив повеќе не се меѓу нас, но сите тие ќе останат запаметени токму по овие нивни заеднички остварувања.
Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков
Лазар е оженет со сопругата Лилјана и од овој брак има три деца – две ќерки Македонка и Викторија, и синот Александар.
Фото: Фејсбук/ Ѓорѓи Колозов
Неговото семејство му е најголема поддршка во животот, а ќерката Македонка пред три години му го подари и првиот внук.
Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков
Поприлично е активен и на својот Фејсбук профил, а во една пригода откри како изгледал и во 70-тите години на минатиот век.
Фото: Фејсбук/ Лазар Бараков
„Деветстотини седумдесет и втората, минатиот век, као Белградски ѓак, само два и нешто месеци. Не издржав. Гладни комуњарси години. Фатив џаде, Европа, првиот праг : Австрија – го осетив Рајот , друга планета. Само две години, ….975-та , Софија, друга комуњара, од трн на глог, до 978-мата, ..979-тата, ..мај , …Дипломската во Скопје во Драмски … Почна неколкугодишна агонија до 1987-та пикна ледот , се роди ТВ филмот “ Марка”.. со сценаристот Васе , со режисерот Стојан и јас – заглавивме во бункер и сеуште сме во бункер во МРТВ. Е*ати среќата….“ напиша познатиот актер тогаш кога ја објави оваа црно-бела фотографија на својот профил на социјалните мрежи.