Холивуд

Една од најпознатите холивудски диви денес има само 47 килограми – обожавателите во шок од нејзиниот преслаб изглед!

Advertisement

Таа важи за жена со најубавата насмевка во Холивуд

Advertisement

Џулија Робертс речиси секогаш изгледа максимално опуштено и природно, во своите улоги е неприкосновена, но и покрај сите позитивни аспекти американските медиуми во последно време се почесто ја критикуваат и за неа велат дека е само „бледа сенка“ на нејзината некогашна убавина.

Имено, Џулија која отсекогаш била згодна и со беспрекорна линија, сега изгледа како преполовено, па на повеќето нејзини фотографии навистина изгледа преслабо. Таа и самата реши јавно да позборува на оваа тема, особено по критиката на јавноста, па вели дека сето тоа е резултат на еден од нејзините последни ангажман.

Advertisement

„Всушност, филмот што го снимав јас би го нарекла кардио-глума. Секој ден на вас носете еден тон работи, брзате горе-долу по скалите. Морам да признам дека поради тоа изгубив еден конфекциски број и дека сите стари панталони сега ми се големи и ми паѓаат“, беше искрена Џулија.

Само да потсетиме, пред нешто повеќе од месец дена, извор близок до познатата актерка истакна за „Radaronline“ дека таа сепак потпаднала под влијанието на холивудската идеја за стандардите на женската убавина, односно дека убавата жена не смее да има ни грам повеќе.

„Џулија тренира шест дена во неделата. Оди на аеробик, пилатес и јога, и многу малку јаде. Има 47 килограми, нејзините пријатели се плашат дека не се храни доволно“, вели изворот за актерката.

И навистина ако подобро ги погледнете фотографиите ќе забележите дека Џулија денес е послаба од кога било претходно, а дали е тоа последицa од напорната работа како што самата вели или губењето килограми е намернo, најверојатно никогаш и нема да дознаеме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button