Една од најзгодните Гранд ѕвезди раскажа што и правеле другарите во детството: „Заради ОВА сакав да си го одземам животот“
Пејачката реши пред камерите да раскаже една непријатна ситуација што и се случила во детството.
Имено, Драгица Златиќ која се прослави со учество во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, се потсети на своето детство.
Таа за „Гранд онлајн“ раскажа дека дел од своето детство го поминала на село и дека како мала имала кози,
„Како мала имав многу слаб имунитет, па на секои 15 дена бев болна. Мојот татко тогаш реши да купиме коза бидејќи нејзиното млеко е здраво. Живееме во Чачак во близина на Морава, па татко ми еднаш ме испрати да ја изнесам козата да пасе трева покрај реката“, раскажува Драгица.
„Јас ја изведов козата, и тогаш се појавија моите другари бидејќи тука беше капалиштето, а беше летно време. Јас веднаш легнав во некои коприви, за да не ме видат, но не успеав да се сокријам. Тие веднаш почнаа да ме зафркаваат, посебно еден школски другар кој до крајот на осмо одделение ме викаше ‘козарка’. Јас тоа никогаш не му го простив, цело време рикав и плачев, тоа ми беше еден од најголемите срамови во животот. Тогаш сакав дури и да се убијам“, раскажа убавата пејачка и додаде:
„Сега баш ми е гајле за тоа. Три кози би земала и би ги донела во студиото“.
Шабан Шаулиќ полудe по оваа пејачка
Инаку, Драгица кога се натпреваруваше во ова популарно шоу, покрај тоа што ги освои сите со својот феноменален глас, важеше и за една од најатрактивните кандидатки. Таа не ретко носеше провокативни комбинации со кои со неподнослива леснотија ги шармираше сите, а и членовите на жирито кои постојано имаа само пофални зборови за неа.
Погледнете како таа изгледаше тогаш, а како денес: