Една од нашите најпознати ТВ водителки со деколте од МИЛИОН ДОЛАРИ – изгледа како холивудските диви
Тесен црн фустан и голем отвор кај градите...
Елена додека позираше во ова свое занесно издание сите погледи беа насочен кон еден единствен детаљ …
Познатата водителка на емисијата „Живот со стил“, Елена Најдоски, со своето последно издание привлече големо внимание.
Имено, таа на еден настан се појави во црно од глава до пети, а еден интересен детаљ на фустанот никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Во прашање е тесен долг фустан со отвор во пределот на деколтето, кој беше суптилен, но истовремено и доволно провокативен да покаже дека Елена не носи ништо под фустанот во горниот дел.
Со ваквите креации секако дека треба да бидете внимателни за да не покажете премногу, а Елена буквално блескаше.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Водителката целото издание го заокружи со кармин во страсна црвена боја и црни салонки со тенки високи потпетици.
Таа во рацете држеше мала црна чантичка кои одлично се вклопија во целото ова издание, а носеше и црни хулахопки.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Црвениот кармин и нејзината убава руса коса со екстензии на волшебен начин ги „разбиваат“ монотонијата и минимализмот на ова смело издание кое истовремено изгледаше и едноставно и секси.
И тоа само заради отворот измеѓу градите кој даваше посебен печат на целото издание и многу малку остави на фантазијата.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Кога таа се појави сите погледи беа насочени кон неа, а некои коментираа дека изгледа како холивудските диви на црвениот килим.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Впрочем како и во сите останати свои изданија со кои Елена редовно ги инспирира жените на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…