Една од нашите најпознати актерки имаше убав повод за славење –ФАНОВИТЕ и честитаат, таа не можеше да ја сокрие среќата!
Една од најпопуларните актерки во Македонија денес слави.
Убавата и шармантна Јелена Јованова Перичиќ слави роденден а честитки пристигнуваат од сите страни.
Таа е една од најталентираните и најнаградувани македонски глумици од помладата генерација.
Јелена првите театарски улоги ги добила уште како студент, а во тој период особено се прославила како Бисера во „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски. Оттогаш, одиграла бројни улоги во театарски претстави поставени во Народниот театар во Штип, Драмскиот театар во Скопје и Македонскиот народен театар.
Јелена се пробила со улогата на Јасмина во ирскиот филм номиниран за Оскар за најдобар странски филм „Како да ме нема“ во режија на Хуанита Вилсон од 2010 година, а веќе следната година ја добила улогата на Есма во режисерскиот првенец на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“ и со тоа станала најмлада глумица од Македонија која настапила во холивудски филм.
Сепак и покрај многуте успеси се чини дека Јелена со улогата во серијалот „Преспав“ во Македонија се здоби со најголема популарност.
Во брак е со хрватскиот глумец Стјепан Периќ од 2015 година, со кого се запознала за време на снимањето на серијата „Тајни“. Со него има син Јаков роден во јуни 2020 година. Живее во Загреб и работи во Скопје, па постојано е на релација меѓу Македонија и Хрватска.
Јелена денес има убав повод за славење, а честитки пристигнуваа од сите страни, па и самата таа се заблагодари.
Имено таа ги објави многубројните честитки, а потоа објави и селфи фотографија на која испраќа бакнежи и се заблагодарува на сите.
Иако многу дами ги кријат годините, Јелена не е една од нив. Таа напиша дека наполнила 37 години, па се заблагодари и напиша дека е благословена што ги има сите фанови.
Сепак Јелена својот приватен живот го крие како змија нозете, па досега сè уште нема споделено фотографија на која се гледа лицето на Јаков, за публиката да може да одлучи на кој повеќе личи малото момче.
Инаку тимот на Преспав е повторно собран и се снима шестата сезона од хумористичната серија која сите со нетрпение ја чекаат.