Една лажичка јаболков оцет во млака вода ги топи мастите? Многу жени се колнат во овој рецепт, а сега е откриена и вистината

Дознајте дали овој рецепт е мит или не…

Веројатно веќе и врапчињата на гранките го знаат трикот за слабеење што го користеле и нашите баби и дедовци– лажичка јаболков оцет во чаша со млака вода која треба да се пие наутро, на гладен стомак. Покрај бројните препарати за слабеење што можете да ги најдете на интернет, а кои секојдневно се појавуваат како печурки по дожд, постои и една народна легенда поврзана со здравото дејство на јаболковиот оцет. И во неа многу жени се колнат…

ADVERTISEMENT

Но дали јаболковиот оцет навистина има некаква функција при намалување на вишокот килограми?

Според нутриционистите, ова е одлична намирница која секако треба да ја воведеме во исхраната. Навистина постојат истражувања кои ги поткрепуваат тврдењата дека јаболковиот оцет ги топи масните наслаги, го забрзува метаболизмот и слично, но сепак – секако дека не е доволно да пиеме по една лажичка јаболков оцет и да очекуваме дека ќе се случи некое чудо, а нашиот живот ќе се заврти за 180 степени.
Имено, за оптимална телесна тежина и здравје единствениот рецепт е – балансирана исхрана. Точка.

Природниот јаболков оцет влијае на стабилизација на шеќерот во крвта и има бројни погодности за метаболизирање на нутриентите.

Се препорачува доколку можете да изберете органски јаболков оцет или домашен (бидејќи јаболката се едни од најпрсканите овошја, а добар дел од таквите хемикалии можат да се задржат и во оцетот). Начинот на консумација е помалку важен – се додека ја користите оваа намирница во исхраната бидете сигурни дека правите добро за вашето здравје.

Затоа стариот совет за измешан јаболков оцет во чаша млака вода секако дека не е целосен мит, но не треба да очекувате само овој рецепт да ви донесе некаков резултат и брзо слабеење. Но затоа во комбинација со останати здрави навики треба да го користиме и затоа го поддржуваме.

Затоа стариот совет за измешан јаболков оцет во чаша млака вода секако дека не е целосен мит, но не треба да очекувате само овој рецепт да ви донесе некаков резултат и брзо слабеење. Но затоа во комбинација со останати здрави навики треба да го користиме и да го поддржуваме.

Facebook Comments
(Visited 48 times, 1 visits today)