Еден од омилените брендови на Македонките лансираше колекција со венчаници за сечиј џеб
Познатиот шведски бренд H&M одлучи да развесели многу дами со колекција венчаници со пристојни цени.
Колекцијата со венчаници со потписот на познатата шведска модна куќа „H&M“ e наменета исклучиво за онлајн продажба, а судејќи според преставените модели ќе израдува голем број претставнички на понежниот пол кои планираат наскоро да застанат на лудиот камен.
Од романтични модели во винтиџ стил па се до минималистички модели од сатен кои ја следат модната филозофија на 90-тите, шведскиот бренд со новата колекција се обиде да ги задоволи разните модни афинитети на дамите кои планираат да застанат пред олтарот.
Според зборовите на претставниците на брендот колекцијата е фокусирана на зимските венчавки и инспирација бараат во кралските свадби, винтиџ стилот и боемските венчавки на рок ѕвездите и познатите модели.
Повеќето модели од колекцијата ќе чинат околу 10.000 денари што навистина е малку во споредба со стандардот на цените што треба да се платат за моделите што се шијат, изнајмуваат или купуваат за најважниот ден во животот.