„Еден е Бог, Бог на христијаните, велик и силен!“, денеска ги славиме Светите седум свештомаченици Херсониски

Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа.

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 март.Ги славиме Светите Седум Херсонски свештеномаченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон.

ADVERTISEMENT

Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења, сè дури не Му ги предадоа своите души на Бога.

Етериј поживеа во времето на Константин Велики, па во мир и слобода управуваше со Црквата, изгради голем храм во Херсон и се упокои мирно. Кога последниот од нив, Капитон, го испратија за епископ во Херсон, дивите Скити од него побараа знак за да поверуваат.

И му предложија да влезе во огнена печка, па ако не изгори тие сите ќе поверуваат во Христа. Со топла молитва и со надеж во Бога Капитон го положи архиjерејскиот омофор на себе, се прекрсти и влезе во вжарената печка држејќи го умот во срцето воздигнат кон Бога.

И во пламенот постоја околу еден час без никаква повреда на телото и на облеката, па излезе оттаму здрав. Тогаш сите повикаа: „Еден е Бог, Бог на христијаните, велик и силен, Кој го сочува слугата Свој во огнената печка!“ И се крсти сиот град и околината. За ова чудо многу се зборуваше на Никејскиот Собор.

И сите Го прославија Бога и ја пофалија цврстата вера на свети Капитон. А на Капитон му се случи по патот да го фатат на реката Дњепар незнабожечки Скити и во реката го удавија. Овие епископи пострадаа во почетокот на 4 век.

 

 

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 159 times, 1 visits today)
Loading...